ДАЛИ СТЕ ПРОБАЛЕ СОК ОД ГРАВ? Oвој напиток се користи во народната медицина за проблеми со бубрезите

Во далекуисточната медицина, сок, односно, чај од азуки грав се користи за воспаление на бубрезите и за лекување на многу бубрежни заболувања. Тие дури веруваат дека земањето сок со секој оброк го зголемува производството на мајчиното млеко.

128

Генерално, гравот е име за повеќе родови билки од семејството на мешунките (Fabaceae). Често се користи во различни јадења ширум светот и има големо влијание врз здравјето.

Азуки гравот (Vigna angularis) е едногодишно лековито растение, култивиран вид широко распространет во Источна Азија и Хималаите поради неговите хранливи ситни зрна (околу 5 мм во дијаметар). Зрелите плодови се обично црвени, но има и сорти со бела, црна, сива и други нијанси.






Богатството на хранливи материи и бројните здравствени придобивки го прават вредна храна што треба да ја вклучиме во нашата исхрана.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини