ДАЛИ СТЕ БЕКАМ, МАЛЕНКО ИЛИ ТРАЈЧЕ? Што мислите за менувањето на презимето по стапувањето во брак?

Нашиот Александар Маленко еднаш го смени своето презиме со презимето на својата тогашна сопруга Сузана Турунџиева. Сега синот на Бекамовци го додал презимето на својата сопруга. Знаете ли уште некој ваков пример и што мислите за менувањето на презимињата на жените по стапувањето во брак?

256

Според новите податоци, расте бројот на жени кои по бракот се одлучуваат да го додадат презимето на својот сопруг кон своето. Адвокатската фирма Deed Poll Office, која е специјализирана за преименување, објави статистика која покажува дека барањата на невестите да го задржат моминското презиме и да го додадат презимето на сопружникот (наместо да го заменат своето со презимето на брачниот другар) се зголемиле за 30 отсто помеѓу 2020 и 2021 година. пишува Викторија Ричардс за The Independent.

„Конечно, се чини, жените го фаќаат чекорот. 2022 година е. Ниту една жена не треба да се откаже од сопствениот идентитет заради идентитетот на нејзиниот сопруг. Ние не сме недвижнини“, истакнува Ричардс, додавајќи дека зборува од искуство. Таа се омажила во 2009 година и го променила презимето со тоа на нејзиниот сопруг.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини