ДАЛИ СОЗДАВАМЕ СПОМЕНИ ИЛИ МАТЕРИЈАЛ ЗА ФАЛЕЊЕ? Со брзина од две трепнувања нашите „спомени“ стигнуваат во уште илјадници куќи
Ние им се чудиме на децата, а не им се чудиме на возрасните, особено на родителите кои во секој семеен бакнеж ги вметнуваат „пријателите“ од социјалните мрежи.
Верувам дека и најдобрите водители во светот, професионалците, го менуваат своето однесување пред камера. Без разлика на овој факт, ние ја „убиваме“ спонтаноста на важните моменти на нашите семејства со правење на „спомени“.
Со брзина од две трепнувања нашите „спомени“ стигнуваат во уште 1.000-10.000 куќи.
Се разбира, не е секогаш така, но е многу често.
Овој феномен јасно покажува колку ни е потребна потврда за нашите вредности и восхит од околината, за да ги пополниме празнините во нашите животи.
Причините се познати и многубројни, а потребата за потврда на нашите избори, емоции, убавина, добрина… има врска со сѐ и со секого, а најмалку со создавање спомени.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.