🎥 ДАЛИ СИ ТИ ГЛУПАВА? Трамп упати прашање до новинарка, а потоа следеше реторички заклучок

Претседателот Доналд Трамп ја нарече „глупава“ новинарката која на брифинг го праша зошто ја обвинува администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден за пукањето во Вашингтон, во кое еден припадник на националната гарда загина, а тројца се ранети.

1

На брифинг во врска со пукањето во Белата куќа, новинарка го праша претседателот Доналд Трамп зошто ја обвинува администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден за пукањето во Вашингтон.

– Затоа што тие ги пуштија да влезат. Дали си ти глупава? Дојдоа со авион, заедно си илјадници луѓе кои не би требало да се тука, а ти поставуваш прашања затоа што си глупава личност. Донесен е закон со кој речиси е невозможно да ги истераш, еднаш кога веќе се тука, не можеш да ги истераш. А дојдени се непроверени, неконтролирани, ги има многу, дојдоа со голем авион, и тоа беше за срамота – одговори Трамп.






Поврзани содржини