ДАЛИ СИ ЈА „ЗАЧИНУВАМЕ“ ХРАНАТА СО ПЛАСТИКА? Еве зошто веројатно треба да ги фрлите сите мелници со зачини

Откако инспекцијата во Хрватска нареди отповикување на три мелници за сол, другите фирми почнаа доброволно да ги повлекуваат. Сега, потрошувачите во оваа држава се загрижени дека ја зачинуваат својата храна со пластика и со сите други мелници кои можеби не се повлечени од продажба

558

Ако имате дома една од оние еднократни пластични мелници за крупна сол, има добри шанси дека со неа мелете пластика во вашата храна.

И не само ако сте купиле само еден од конкретните примери за кои Државниот инспекторат во Хрватска наредил повлекување од продажба, туку практично за сите видови пластични еднократни мелници за крупна сол што се во продажба.






Причина?

Надлежните во оваа држава, според Јутарњи.хр, премолчуваат и занемаруваат дека голем дел од оваа крупна сол е најверојатно спакувана во идентични еднократни пластични мелници од истиот производител со кои очигледно постои системски проблем – кој инспекцијата воопшто не го решила – и дека мелниците за еднократна употреба со пластични механизми генерално се несоодветни за крупната морска сол, која е многу тврда, така што кршењето на механизмите е често.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини