ДАЛИ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ОДГОВОРНИ КОГА Е ДЕТЕТО ТАЖНО? Не, не сте на добар пат!
Не можеме да контролираме како другите луѓе се чувствуваат, што прават, какви се нивните уверувања. Со обидите да контролираме нешто што всушност не можеме, водиме битка која е однапред изгубена.
Ако верувате дека во животот е важно и неопходно да се има контрола, вие сте на одличен пат да си го загорчите животот на себе и/или на оние околу вас. Причината е прилично едноставна – целта што сте ја поставиле е недостижна. Невозможно е во секое време да знаете каде е вашиот 16-годишен син. И дури и да е можно, самата идеја е прилично застрашувачка. Не можете да имате таква контрола дури и кога детето е бебе. На пример, правите се за да не плаче вашето бебе, го пресоблекувате, го храните, гушкате, лулкате, носите, пеете, а бебето сè уште плаче. Понекогаш сè што правите ќе помогне да се смири бебето, но понекогаш нема.
Зошто бебето плаче? Којзнае!
Слично е и кога станува збор за односот со постаро дете или со партнерот: сакаш личноста која ви е важна да биде среќна и правите сè во таа насока, па задоволувате, поддржувате, не се лутите, секогаш сте на располагање, ја фалите, правите сè со намера да ја усреќите таа личност. И таа може да биде задоволна или да биде задоволна некое време. И после тоа можеби веќе не е задоволна, а вие немате поим зошто, а сите напори да се промени тоа, односно да се задржи контролата, паѓаат во вода. Ова се случува од едноставна причина што не можеме да контролираме како се чувствуваат другите луѓе, што прават, какви се нивните верувања. Понекогаш, во текот на животот ни се случуваат работи кои не сме можеле да ги предвидиме или да ги контролираме, а се многу тешки и непријатни (болести, сообраќајни незгоди, елементарни непогоди).
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.