ДАЛИ РАСТЕВТЕ СО БАБА И ДЕДО ИЛИ СО КЛУЧ ОКОЛУ ВРАТОТ? Има ли денес баби како нашите?
Кружев за да поминам по твојата улица и да одиме заедно во школо само за да ја почувствувам топлината на баба Драга, ми вели мојата најмила Сузе, најдобрата другарка од прво до осмо. А вие, дали растевте како мене, со баба и дедо или со клуч околу вратот, како Сузе?
Деновиве интензивно се гледам со мојата најдобра другарка од основно, Сузе. Знаете, на таа возраст кога ние бевме деца, сите имавме по една нај нај најдобра другарка. Мораше да е една, Може да имаш уште некоја, ама со таа една си неразделна. Заедно одите во школо, заедно се враќате, заедно учите, заедно сте на мал и на голем одмор, заедно сте и после школо, заедно одите на лизгалиште, од иста екипа сте кога играте народна, најдобар пар сте во ластик и најчесто се запишувате во иста гимназија или некое друго средно училиште.
Е дури сега, во вторава половина од животот ние две разјаснивме и зошто како две нераздвојни другарки, кога дојде време за средно, се запишавме во различни гимназии. Сузе го кажа зборот и потоа сеќавањата навреа. Правевме експеримент!
Јас и Сузе постојано правевме некакви експерименти. Не беа научни, беа онака наивни, детски и малку чудни. Ама овојпат експериментот беше сериозен. Ајде да видиме дали ќе останеме најдобри другарки ако се запишеме во различни училишта.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.