📽️ ДАЛИ ОЗИ ОЗБОРН ОТКИНА ГЛАВА НА ЛИЛЈАК ВО 1982 ГОДИНА? Контроверзиите за Принцот на темнината живеат по неговата смрт

Легендарниот инцидент од 1982 година не бил случајност, туку дел од серија ексцесни настапи на Озборн. На таа турнеја, тој започнал со бизарен ритуал – фрлал парчиња сурово месо и животински делови кон публиката. На крајот, обожавателите почнале да се натпреваруваат со своите идеи и, токму на таа вечер во Ајова, некој донел и фрлил вистински мртов лилјак на сцената.

1,134

Публиката била во неверување кога Ози Озборн, познат како Принцот на темнината, на 20 јануари 1982 година на бина во Ајова во САД зграпчил нешто мало и црно, мислејќи дека е играчка и му го одделил телото од главата. За кратко сфатил дека се работи за вистински лилјак.

Иконата на хеви металот го напушти овој свет на 22 јули 2025 година, на 76 години, опкружен со семејството и љубовта. Две недели претходно тој одржа проштален концерт со многу негови колеги.






Медиумите одново отворија приказни од неговиот живот, а загризувањето на лилјак на сцена е еден од „митовите“ кои го направија симбол на шокантните настапи.

Но, легендарниот инцидент од 1982 година не бил случајност, туку дел од серија ексцесни настапи на Озборн. На таа турнеја, тој започнал со бизарен ритуал – фрлал парчиња сурово месо и животински делови кон публиката. На крајот, обожавателите почнале да се натпреваруваат со своите идеи и, токму на таа вечер во Ајова, некој донел и фрлил вистински мртов лилјак на сцената.

Озборн, мислејќи дека е гумена играчка, го зграпчил и го згризал, но веднаш почувствувал дека нешто не е во ред.

Во автобиографијата I Am Ozzy во 2010 година тој се присети:

„Мислев дека е играчка, го зедов и го ставив во уста, згризав и веднаш почувствував топла, леплива течност, а потоа и главата се трзна во мојата уста“.

Сепак, во интервју за Би-Би-Си во 2006 година, пејачот понуди поразлична верзија:

– Имаше врзопче околу вратот, мислев дека е шега за Ноќта на вештерките. Загризав и потоа видов дека (жена ми) Шерон ми сигнализираше да не го правам тоа. Ми гестикулираше со главата дека лилјакот е вистински, но мртов – рече Озборн.

Контроверзијата дополнително се разгорела откако Des Moines Register го пронајде Марк Нил, тогаш 17-годишен посетител, кој признал дека неговиот помал брат го донел лилјакот дома, но животното починало уште пред концертот.

– Лилјакот беше мртов кога го зедов на концертот – соопшти Марк Нил.

Девет месеци пред инцидентот со лилјакот, Озборн приредил уште една скандалозна сцена во Лос Анџелес, кога на состанок со дискографската куќа Си-Би-Ес наместо да пушти гулаб во воздух како симбол на мир, му ја одгризал главата и ја исплукал на масата.

– Извадив еден од тие гулаби и му ја одгризав главата, а потоа истото го сторив со уште еден, ги исплукав главите на масата и веднаш ме избркаа од Си-Би-Ес – изјави Озборн.

Во друго интервју за магазинот „Саундс“, Озборн тврдел дека една од птиците веќе била мртва, па наместо да ја пушти, решил да ја гризне.

Озборн секогаш имал репутација што морал да ја одржува. Тој беше човекот што го исфрлиле од сопствениот бенд Блек Сабат, бидејќи дури и по најслободарските рок стандарди, неговата консумација на алкохол и дрога се сметале за премногу.

 

Поврзани содржини