ДАЛИ ОБЈАВУВАТЕ ФОТОГРАФИИ НА СВОИТЕ ДЕЦА ОД УЧИЛИШТЕ? Зошто треба да размислите двапати пред да го направите тоа

Многу родители објавуваат фотографии од своите деца на Фејсбук и Инстаграм, особено на првиот училишен ден, но една мајка, која е истовремено и психотерапевт и експерт за социјални мрежи, објаснува зошто мисли дека тоа не е добра идеја

82

Првата средба со учителката, првата средба со новите пријатели, првото седење во училишната клупа… Сето тоа се моменти кои секое дете, а особено неговите родители, ќе ги памети до крајот на животот. Родителите сакајќи да го забележат овој важен ден во животот на своите деца, возбудено ги фотографираат првите училишни моменти, а повеќето од нив ги споделуваат фотографиите на социјалните мрежи.

Прекрасна облека, широки насмевки и цитати под објавите на гордите родители предизвикуваат воодушевување кај следбениците на социјалните мрежи, но експертката Лена Дерхали тврди дека таа не ги поддржува ваквите објави.






„Тоа е затоа што, покрај тоа што сум мајка, јас сум и психотерапевт и експерт за социјални мрежи. Кога ги гледам овие фотографии, гледам повеќе од насмеани лица на децата. Ги забележувам опасностите кои демнат зад таквите објави. Еве зошто јас не објавувам фотографии од моите деца од училиште и зошто треба да размислите двапати пред да го направите тоа“, напишала таа.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини