ДАЛИ НАМЕРНО ГО ЗАПИРАТЕ КИВАЊЕТО? Што може да се случи кога ќе си го затнете носот и тивко ќе цивнете наместо гласно да кивнете?

Човекот забележал чудни симптоми вклучувајќи болка при голтање, промена на гласот, чувство на пукање и оток на вратот, што го натерало да побара лекарска помош. Ситуацијата станала уште поневеројатна бидејќи мажот „негирал дека изел нешто остро“ и немал „покачена температура“ или „знаци на респираторни тешкотии“.

582

Во редок и шокантен случај, маж од Британија завршил во болница откако се обидел да го задржи кивањето и на крајот си направил дупка во грлото. Интересен медицински феномен беше детално опишан во извештајот објавен во 2017 година во British Medical Journal под наслов „Кога кивањето доведува до пукање во вратот“, а сега повторно се шири во странските медиуми.

Во извештајот, лекарите го опишале случајот на „некогаш здрав 34-годишен маж“ кој побарал итна медицинска помош поради „промена на гласот“ по интензивно кивање.






„Тој опиша чувство на пукање во вратот и отекување на истиот откако се обиде да го спречи кивањето со затнување на носот и покривање на устата“, се вели во извештајот.

Чудни симптоми

Човекот забележал чудни симптоми вклучувајќи болка при голтање, промена на гласот, чувство на пукање и оток на вратот, што го натерало да побара лекарска помош. Ситуацијата станала уште поневеројатна бидејќи мажот „негирал дека изел нешто остро“ и немал „покачена температура“ или „знаци на респираторни тешкотии“.

По деталниот преглед, медицинските експерти забележале „оток и осетливост“ на вратот на пациентот, а рендгенската снимка открила дека „ленти воздух“ се задржале заробени во ткивата на неговото грло.

Со децении го задржувал кивањето

Тие „воздушни џебови“ всушност предизвикале човекот сам на себе да си го пробие грлото. Лекарите објасниле дека станува збор за еден вид повреда која најчесто се јавува поради траума, операција или инфекција.

Еден од лекарите кои учествувале во креирањето на извештајот, Вандинг Јанг, тогаш го кажал за Си-Ен-Ен следново.

„Овој 34-годишен маж секогаш се обидувал да го задржи кивањето бидејќи сметал дека е нехигиенски да се кива во околината или кон другите. Тоа значи дека 30 години го задржувал кивањето, но овој пат резултатот бил поинаков… За среќа, перфорацијата била многу мала и не барала операција“, рекол докторот.

Пациентот се опоравил по користењето на сонда за хранење и антибиотска терапија. Извештајот, исто така, забележува дека неговите симптоми „постепено се решавале за време на хоспитализацијата“.

Значи, јасна поука од овој необичен настан е: не го задржувајте кивањето!

Поврзани содржини