ДАЛИ ИМАТЕ НАПНАТА АТМОСФЕРА ВО СЕМЕЈСТВОТО? Веројатно живеете со адолесцент…
Адолесценцијата не е само време на интензивни промени во внатрешниот свет на адолесцентот, туку е и време на промена на улогите на сите членови во семејството, што може да донесе до емоционална нерамнотежа и напната атмосфера во семејството.
Преодниот период на адолесценција, од детството во светот на возрасните, процес во кој настанува интелектуално, емоционално, социјално и полово созревање може да биде предизвик и за детето за родителите. Во овој процес на креирање на возрасниот идентитет, кај детето се создава свест и слика за себе и тоа има силна желба за изразување, за социјализација и за искусување на првите љубовни искуства.
Младите личности имаат изразена потреба за афирмација, да ја докажат својата вредност, своите способности и да добијат признание. Во оваа борба за самостојност, доаѓаат во судир со родителите и наставниците, бидејќи постои несогласување во однос на правилата кои ги поставуваат возрасните и потребите и желбите на младите.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.