ДАЛИ ГО ПРИНУДУВАТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ДА СЕ ИЗВИНУВА? Експертите сметаат дека извинувањето под притисок не е ефикасно!

Засрамено дете не се чувствува подобро и не развива емпатија. Наместо тоа, може да стане поповлечено, со што се отежнува идното емоционално поврзување со другите.

146

Извинувањето е секогаш правилна и пристојна постапка, но детските психолози предупредуваат дека принудувањето на извинување не е најдобриот начин да се научи емпатија и да се подобрат односите меѓу децата.

На заедничките дружења често можете да видите ситуации во кои едно дете турка друго или му одзема играчка, а потоа многу родители инстинктивно реагираат принудувајќи го своето дете да се извини.






Сепак, иако изгледа учтиво, овој потег не е најправилен. Според детскиот психолог Лаура Маркам, принудувањето на децата да се извинат може да им испрати погрешни пораки. Таквиот пристап честопати не е насочен кон подобрување на односите, туку кон намалување на непријатноста на родителите во присуство на други возрасни.

Научете го вашето дете кога и зошто да каже „извини“. Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини