ДАЛИ ДЕТЕТО СМЕЕ НАДВОР КОГА ИМА ТЕМПЕРАТУРА? Прашање кое ги мачи родителите
Меѓу сомнежите што ги имаат родителите е и тоа дали можат да го изнесат своето малечко надвор ако има температура. На прв поглед, многумина би рекле дека болното дете треба да остане дома. Но, дали е сè толку едноставно?
„Одговорот на ова прашање е сложен. Потребна е внимателна проценка на состојбата на детето, временските услови и внимателен избор на место за прошетка“, велат експертите.
Многу родители сметаат дека со прошетка би се решил проблемот доколку детето има малку покачена температура (до 38,5), јаде помалку, има малку секрет од носот, кашла – но си игра, не знае каде со себе, се превртува, бара внимание, повремено кенка, а вие никако не можете да му угодите.
Шетањето е дозволено и сигурно ќе му годи на детето доколку неговата општа состојба е добра.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.