ДАЛИ ДЕДО МРАЗ ГИ САКА САМО БОГАТИТЕ ДЕЦА? Зошто мене ми донесе боенка, а на Сузи мобилен телефон?
Децата од сиромашните семејства ќе се чудат зошто Дедо Мраз им донел само чорапи и боенки, а на нивната сосетка ѝ го донел најновиот модел на мобилен телефон. Подолу е писмото од еден татко што сигурно ќе ве натера да размислите и овие празници да престанете да им давате на децата скапи и големи подароци од Дедо Мраз!
За децата од сиромашните семејства, овој период од годината може да биде особено груб и суров. Но, постои нешто што ние останатите можеме да го направиме за да им олесниме барем мал дел од страдањето, постои начин да им го олесниме чувството на помала вредност …
Подолу е писмото од еден татко што сигурно ќе ве натера да размислите и овие празници да престанете да им давате на децата скапи и големи подароци од Дедо Мраз!
Зошто е ова важно? Затоа што децата неизбежно се споредуваат – а децата од сиромашните семејства ќе се чудат зошто Дедо Мраз им донел само чорапи и боенки, кога на нивната сосетка Сузи ѝ го донел најновиот модел на мобилен телефон. Можам од прва рака да ви кажам дека ова е нешто што децата го забележуваат и размислуваат за тоа. И не се чувствуваат добро.
Децата од семејства со ниски приходи рано учат дека животот е суров и неправеден. Кога растеш во сиромаштија, брзо растеш. Стануваш многу поциничен отколку што треба да биде кое било дете. Ако некако успеете да ги преживеете првите неколку години, а притоа да зачувате барем дел од „нормалното“ детство, тоа е вистинско чудо.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.