ДАЛИ БОЈАТА Е ПОКАЗАТЕЛ ЗА КВАЛИТЕТ? Дали е вистина дека маслиновото масло со изразено зелена боја е подобро?
Може да се каже дека зелените масла главно се произведуваат од предвремено собрани маслинки. Таквите зелени масла имаат многу поагресивни вкусови, пренагласена горчина со допир на непријатна трпкост. Исто така, се намалува интензитетот на ароматичните својства на маслиновото масло.
Плодот на маслинката обично содржи три пигменти: хлорофил-зелен, каротен-жолт и антоцијанин-виолетово-црн. Како што созрева маслинката, зелениот се менува во жолт и на крајот во црн.
Бојата на маслиновото масло произведено според правилата на професијата е всушност златно-жолта со мали нијанси на зелена боја. Од моментот кога маслото е произведено неговата боја се менува. Поради автооксидација старее и преминува во потемни нијанси на жолта, до жолто-кафеава. Жолто-кафеавата боја е знак дека маслото е многу старо и дека таквото масло не треба да се консумира.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.