ДАЛИ БИ ПРОБАЛЕ КАФЕ И СОК ОД ПОРТОКАЛ ВО ЕДНА ЧАША? Традиционалниот виетнамски пијалак го освои светот
Прашањето од насловот се однесува на најновиот тренд од социјалната мрежа ТикТок, а овој изненадувачки коктел веќе освои голема армија обожаватели. Во следните редови дознајте зошто…
Сè започна кон крајот на февруари кога корисникот на социјалната мрежа ТикТок – @bundaddy го објави своето видео, во кое додава ладно еспресо во голема чаша сок од портокал без пулпа и со коцки мраз. Оттогаш пијалокот често се појавува на социјалните мрежи.
Видеото е прегледано повеќе од 110.000 пати. Седум дена подоцна, младата дама повторно ја објави содржината во која ги охрабрува сите свои следбеници да ја пробаат оваа мешавина. Токму ова второ видео стана вирално и брзо достигна 1,6 милиони прегледи. Инфлуенсерката нагласува дека е невозможно да се замисли што нуди оваа комбинација додека не ја пробаме: „не се обидувајте да го предвидите вкусот, нема да успеете“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.