ДАДОВ ДЕЛ ОД ЦРНИОТ ДРОБ ЗА ДА ЈА СПАСАМ ЌЕРКА МИ Исповед на татко чие девојче умираше од мистериозната болест што се шири меѓу децата
Да ви кажат дека вашето дете има само неколку часа живот е најлошиот кошмар на секој родител. Токму тоа им се случи на Алан Рејн и неговата партнерка Џејн Мекнил (25) минатиот месец кога нивната тригодишна ќерка ја погоди мистериозен случај на хепатитис.
Малата Лола Роуз (3) е едно од речиси 200 деца ширум светот, од Јапонија и Израел до САД и Холандија, заболени од акутен хепатитис и воспаление на црниот дроб од непознато потекло.
„Се чувствував како да ми е откорнато срцето“, вели 27-годишниот работник за обезбедување Алан Рејн од Грејвсенд, Кент.
„Само неколку дена претходно таа ги пееше песните од „Фрозен“ и правеше белји. Изгледаше невозможно да се каже дека може да умре“.
Минатата недела бројот на случаи во Обединетото Кралство изнесуваше 145 – 108 во Англија, 17 во Шкотска, 11 во Велс и 9 во Северна Ирска.
Ниту едно британско дете не починало, а на десет им бил трансплантиран црн дроб,
Најлошиот кошмар на секој родител е да слушне дека неговото дете има само неколку часа живот. Но, токму тоа им се случи на Алан Рејн и неговата партнерка Џејн Мекнил (25) минатиот месец кога нивната ќерка беше погодена од мистериозен случај на хепатитис, пишува The Sun.
Хепатитисот е редок, ако не и нечуен, кај здрави деца. Лола Роуз е една од десетте деца во Велика Британија и 17-то на глобално ниво, која за малку ќе умрела и имала потреба од трансплантација на црн дроб.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.