„ДАЈТЕ МУЗИКА“ ВО ЖИВО НА СТАДИОН Од Авалон ветуваат: Сите деца на концертот ќе бидат безбедни

Од „Авалон“ кои се организатори на концертот на „Дајте музика“ на стадионот на АРМ, велат дека иако станува збор за голем концерт, слободно можат да дојдат сите деца, па дури и најмалите, затоа што тие ја гарантираат нивната безбедност. За таа цел, како и за сите светски концерти, од Бугарија стигнува оградата Моџо (МОЈО).

428

На 27 мај, со почеток во 20 часот, на стадионот на АРМ ќе се случува првото големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концертот на „Дајте музика“.

Продуцентката на проектот „Дајте музика“, Цаци Паковска, вели дека е ова прв концерт за деца на кои се добредојдени и возрасните, но се единствена можност помладите генерации да доживеат вистински концерт. За него, вели Паковска, има интерес дури и во соседните земји, па се очекува да присуствуваат и родители со деца од соседните држави.






„Горди сме на проектот кој започна пред три години и со кој ја промовираме македонската музика. За овој период издадовме три албуми и направивме 70 авторски песни, се препеаја најубавите македонски хитови кои на овој начин им ги приближивме и на помладите генерации. Децата од „Дајте музика“ станаа идоли на младата генерација и се радуваме затоа што тие влијаат и во однос на слушањето на македонска музика“, вели Паковска.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини