ДА СЕ ПИЕ ИЛИ НЕ? Дали кафето навистина го крева притисокот?

Иако кафето може да предизвика краткорочен скок на крвниот притисок, тоа не значи дека нужно води до развој на хипертензија. Сепак, постојат ситуации во кои кафето може да има поизразено влијание.

278

За многумина од нас, кафето е многу повеќе од напиток. Тоа е момент на одмор, навика без која ни е тешко да го започнеме денот, но и тема околу која често има спротивставени мислења, особено кога станува збор за здравјето на срцето.

Едно од најчестите прашања е дали кафето навистина го зголемува крвниот притисок и дали треба да го избегнуваме ако имаме проблеми со кардиоваскуларното здравје. Одговорот, сепак, не е толку едноставен како што често се претставува.






Што се случува во телото по испивање шолја кафе

Кога пиеме кафе, кофеинот многу брзо влегува во крвотокот и почнува да дејствува како стимуланс. Тој го стимулира лачењето на адреналин, го забрзува срцевиот ритам и ги стеснува крвните садови, што може да доведе до привремено зголемување на крвниот притисок.

Овој ефект најчесто се јавува во првиот час или два по консумирањето, но не е ист за сите. Редовните пијачи на кафе често развиваат толеранција, па затоа нивните тела реагираат поблаго од оние кои повремено пијат кафе.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини