📷 ДА ИМАШ ВАКВА ВИЛА ВО МАКАРСКА, АМА ПАМЕТ ДА НЕМАШ Газдата заглавил за мито од 15.000 евра

Скандал ја тресе Хрватска: милионска вила вдлабена во карпа, а сопственикот под истрага за корупција.

1,097

Светкав базен, панорамски поглед кон Јадранот, архитектура која го одзема здивот – ова не е сцена од холивудски филм, туку реална вила лоцирана кај селото Куковаљ, недалеку од Макарска. Но, зад раскошот се крие приказна која добива сè поцрни нијанси – бидејќи газдата на ова архитектонско чудо завршил под истрага за мито и корупција!

Веста ја објавија хрватските медиуми, а како што се дознава, сопственикот на вилата е извесен Младен Пекота – градежен претприемач кој не е непознат на јавноста. Против него се води постапка во Сплит поради сомнение дека дал мито од 15.000 евра на службеник во Министерството за култура и медиуми, за да добие позитивно мислење во врска со еден проект во заштитено подрачје.






Според хрватските медиуми, Пекота признал дека му дал пари на државен службеник, но наводно бил изнудуван. Ова сепак не го ослободува од одговорност, па обвинителството сега води паралелна постапка и против него и против службеникот кој ја барал „помошта“.

Што ја прави вилата посебна?

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kuk Oaza boutique resort (@kuk.oaza)

Таа е исклесана директно во карпата, со голема застаклена фасада, базен што делува како да лебди над морето и ентериер што остава без зборови. Но, целата таа убавина сега има црна дамка. Локалците шепотеле долго време за тоа „кој ја гради онаа вила“, но вистината излезе на виделина дури сега – и не им се допаѓа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kuk Oaza boutique resort (@kuk.oaza)

Социјалните мрежи вријат од коментари – не за убавината на вилата, туку за фактот дека вакви градежни чуда често се случуваат во сиви зони на законот, особено кога се градат во близина на природно и културно заштитени подрачја. „Со тие пари можел да си купи уште една вила, ама алчноста не знае за граници“, напиша еден корисник на Фејсбук.

Хрватската јавност сега со право прашува – колку вакви „вили во карпа“ никнуваат без да ги фати „радарот на законот“ и дали навистина треба прво некој да заглави за корупција, за институциите да отворат очи?

 

Поврзани содржини