ДА ГО СМЕНАМ ПОЛОТ ИЛИ САМО ФРИЗУРАТА? Дали навистина денес има толку транс-деца или само неразумно се поттикнува нивната збунетост?
Според едни, тоа што денес има голем процент на трансродови деца во споредба со минатото, всушност значи дека сега само има повеќе деца кои зборуваат отворено за тоа и ја добиваат поддршката од своите родители. Според други, пак, трансџендер организациите прават сериозна штета кога транзитирањето во друг пол го промовираат како решение за сите проблеми на едно конфузно дете или тинејџер.
Темата за транс-луѓето станува сè поприсутна во јавноста, а бројот на оние кои се чувствуват заробени во погрешно тело драстично се зголемува.
Според британскиот сервис за родови идентитети, за само 7 години нивниот број пораснал од 94 на 1.986.
Првата американска клиника за нив е отворена во Бостон во 2007, а денес во САД ги има преку 50 слични.
Станува збор за родово незадоволство (dyspohoria), за чувствo дека полот и телото не се спарени најсреќно.
Науката за овие прашања нема баш сигурни факти и сознанија.
Факт е дека во изминатата деценија има огромен пораст кај децата кои изразуваат незадоволство со нивниот род што им е доделен со раѓањето.
Но, според оние кои и самите се соочиле со истото чувство, како на пример, писателката, водителка и авторка Шон Феј, ова е опасно неразбирање на реалноста.
Според неа, всушност, нема поголем број на деца кои се транс, отколку во минатото, туку едноставно има повеќе деца кои се чувствуваат способни да зборуваат отворено за тоа и да бараат помош и поддршка од своите родители.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.