📽 ДА ДА, ВЛАДИМИР ВЛАДИМИРОВИЧ Путин истресе зелена за мразот на Јужниот Пол
Да, Владимир Владимировичу, апсолутно точно, одговорил министерот за национални ресурси Козлов, додека другите седеле со безизразни лица.
Бисер на рускиот претседател Владимир Путин заврши во медиумите. Претседателот ги збуни руските научници со своите чудни прашања за Јужниот Пол, пишува Њузвик. Тие претходно му објаснувале дека го проучуваат тамошното ледено јадро за да разберат како настануваат климатски промени, а тој „тропнал“:
– Ако ова јадро е старо 1,2 милиони години, дали тоа значи дека на тоа место имало мраз 1,2 милиони години?
– Да, Владимир Владимирович, апсолутно точно – одговорил министерот за национални ресурси Козлов, додека другите седеле со безизразни лица.
– Или можеби водата таму замрзна подоцна? Не пред 1,2 милиони години, туку поблиску до нас? Дали е можно такво нешто? – прашал Путин повторно.
– Владимир Владимирович, ова е атмосферски мраз. Засега науката уште вели дека е, како што ти одговорив првиот пат – одговорил збунетиот министер.
– Добро, во ред – одговорил рускиот претседател и преминал на друга тема.
Овој разговор, како што пишува Њузвик, е последен во серијата неодамнешни конфузни коментари на Путин. Во јуни, кога имаше шпекулации за неговото здравје, Путин во Кремљ ја згреши возраста на детето на заменик-градоначалникот.
Кремљ тогаш инсистираше на тоа дека Путин е во добра здравствена состојба, но грешката ги поттикна шпекулациите дека тој можеби има деменција.
Во друго такво „истрчување“ јули, Путин е цитиран во транскрипт од Кремљ како барал од рускиот гувернер да ги пренесе своите поздрави до војниците кои загинале во војната во Украина.
И за време на разговорите во Казахстан во четвртокот, Путин погрешно го изговори името на казахстанскиот претседател Касим Јомарт Токаев. Според руските медиуми, ова е најмалку четврти пат Путин да не го изговара правилно името на Токаев на јавни настани.
Непотврдени гласини за здравјето на Путин често се појавуваат од почетокот на неговата целосна инвазија на Украина. Меѓу нив, најчести се оние дека рускиот претседател има рак, Паркинсонова болест или деменција.
Putin asked head of the Ministry of Natural Resources and Environment of the Russian Federation, for how many years there is ice in Antarctica.
Discussion of important state issues. pic.twitter.com/BRJEJ2US38
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 9, 2023