„ДА, ЈАС СУМ ЉУБОВНИЦА НА МИНИСТЕРОТ“ Афера на новинарка и поранешна манекенка ја тресе владата на Мелони

Клаудија Конте тврди дека била во љубовна врска со министерот за внатрешни работи, додека медиуми ја обвинуваат и за врска со министерот за култура.

271

Голема политичка афера ја потресе Италија откако бившата манекенка Клаудија Конте јавно призна дека била во љубовна врска со министерот за внатрешни работи Матео Пиантедоси.

-Да, вистина е. Јас сум љубовница на министерот- изјавила таа, ставајќи крај на шпекулациите кои со денови ја брануваа италијанската јавност.






Според нејзините тврдења, врската не била краткотрајна, туку се одвивала во подолг период, со чести средби и заеднички патувања. Таа открива дека била во постојан контакт со Пиантедоси, а нивниот однос, како што вели, бил „интензивен и близок“, што дополнително ја зголемува тежината на скандалот.

Контроверзијата се продлабочува со наводите дека Конте, сега новинарка, се појавувала и на настани поврзани со работата на министерството, иако немала никаква официјална функција. Дел од медиумите тврдат дека имала пристап до кругови блиски до власта, што отвора прашања дали приватната врска се преклопувала со службени активности.

Министерот Матео Пиантедоси засега не дава детални коментари за наводите, ниту ги потврдува јавно изнесените тврдења. Од владата на Џорџа Мелони повикуваат на воздржаност, но притисокот расте, а опозицијата веќе бара целосно расчистување на случајот.

Аферата избувна во чувствителен политички момент и секој нов детаљ дополнително ја подгрева кризата во Рим. Италијанската јавност внимателно ги следи развојот на настаните, додека медиумите најавуваат дека оваа приказна допрва ќе добива нови, потенцијално уште поконтроверзни продолженија.

Поврзани содржини