Д-Р ФАУЧИ ПРИЗНА ДЕКА МОЖЕБИ ЗГРЕШИЛ СО МЕРКИТЕ Што тргна наопаку за време на трите години пандемија во САД?
Од изјавите дека маските треба да ги носат само оние кои се најизложени, до изјавата дека две дози од вакцината можат да ве направат да не се заразите со коронавирусот, статијата ги става на тапет нејасностите во справувањето со кризата на човекот кој заработува 400.000 долари годишно за да биде советник во Белата куќа. Фаучи признава дека мерките и карантините можеби биле контрапродуктивни, ги направиле луѓето да се колебаат во вакцините. Се смета дека возрасните Американци пропуштиле 37 милиони рутински вакцини за други боледувања во 2020 и 2021 година. Седум отсто од американските деца не примија вакцини за мали сипаници, заушки и рубеола.
Највисокиот американски експерт за заразни болести призна дека строгите мерки против ковид-19 за кои тој се залагаше во пандемијата во САД можеби поттикнале пад на довербата во рутинското „боцкање“, па и го охрабриле антиваксерството, пишува Дејли Мејл.
Во интервју со Њујорк Тајмс насловено „Нешто сигурно тргна наопаку“ д-р Ентони Фаучи изјави дека забраните можеби биле „контрапродуктивни“ и дека уште повеќе ги одвратиле скептиците за вакцини од „боцкање“ наместо да ја добијат нивната наклонетост.
– Мислам, речиси е парадоксално, имавте луѓе кои појдоа да се вакцинираат мислејќи, зошто ме принудуваат да го направам тоа? И таа понекогаш таа убава нишка на независност во нашата земја станува контрапродуктивна – изјави најплатениот советник за здравство во Белата куќа кој до крајот на годинавата треба да се повлече од функцијата.
И покрај ова негово признание, САД сè уште бараат доказ за вакцинација ако сакате да влезете во земјата. Повеќето од федералните држави ги укинаа мерките, а мразот во 2021 година го скрши Флорида која им забрани на приватните фирми од работниците да бараат задолжително вакцинирање.
Статијата на Дејли Мејл пренесува како ова „антиваксерско“ колебање кај Американците довело да се намалат и редовните вакцинации кај децата, додека во медиумскиот простор владеел хаос за време на трите кризни години.
Од изјавите дека маските треба да ги носат само оние кои се најизложени, до изјавата дека две дози од вакцината можат да ве направат да не се заразите со коронавирусот, статијата ги става на тапет нејасностите во справувањето со кризата на човекот кој заработува 400.000 долари годишно за да биде советник.
Се смета и дека овие задолжителни мерки чиј архитект меѓу другите е и Фаучи влијаеле на тоа како другите земји во светот ги носеле одлуките за кризата.
Прво не носете маски, потоа мора да ги носите
Пандемијата изби во времето на Трамп, а првиот извештај на тогашната влада беше дека маски треба да носат само луѓето чии професии се први на удар. Фаучи ги советуваше Американците дека „нема потреба“ да носат маска за лице, дека тоа може да им помогне на луѓето да се чувствуваат малку подобро и да блокираат „по некоја капка“ од вирусот кој се шири околу нив.
Но, помалку од месец подоцна, тој излезе со изјавата дека вирусот се шири токму преку капките во воздухот. Маските во некои држави станаа задолжителни. На прашањето зошто првично ги советувал луѓето да не носат маски, Фаучи се правдаше дека тоа е за да се осигура да има доволно маски за болниците.

Финансирање на лабораторијата во Вухан
Но, најголемата контроверзија околу Фаучи дојде кога се обзнани дека тој одобрил грант од 3,7 милиони долари на невладиното здружение „EcoHealth“, пари за кои некои тврдат дека биле искористени за да се поддржи истражување во Институтот за вирологија во Вухан, градот каде за првпат за појави коронавирусот.
Ова истражување, е од типот истражувања наречени „добивка на функција“. Во слични други истражувања, на пример, кај генетското мутирање на комарци за да се самоуништат, научниците пробуваат да добијат нова функција на одреден вирус. Во случајот тоа е вирус од групата на ковид.
Фаучи „преживеа“ долго и потно судење во американскиот Сенат во јули 2021 година. Сенаторот Рон Пол го обвини Фаучи за смртта на 4 милиони луѓе низ целиот свет, тврдејќи дека го финансирал експериментот преку грант од Националниот институт за здравство(НИХ).
Фаучи неодамна за Пи-Би-Ес ги отфрли овие наводи, велејќи дека генетската модификација на вирусите кои биле проучувани во Вухан не можела да резултира со коронавирус кој би предизвикал пандемија.
Според Фаучи, тоа било „молекуларно невозможно“.
Од човек на животно или од животно на човек?
Фаучи, исто така, постојано инсистираше на тоа дека вирусот не протекол од лабораторија во Кина. Ја нарече оваа теорија „сјаен предмет што ќе исчезне“ и ги отфрли тврдењата од други врвни експерти како „мислење“.
Тој остана на мнението дека вирусот се прелеал од животните на луѓето. Всушност, Њујорк Пост објави цела сторија за тоа како Фаучи нарачал научна студија за да покаже дека вирусот не потекнува од лабораторија.
Но, годинава висок извештај на ФБИ сугерираше дека појавата на вирусот најверојатно доаѓа од лабораторија. На наводите се огласи и Светската здравствена организација(СЗО) која побара од САД да го објаснат извештајот и да се покрене меѓународна истрага за потеклото.
Гласините за жената-лилјак од Вухан спласнаа иако на почетокот на пандемијата таа беше во жижата на вниманието.
По истражувањата на ФБИ, Кина годинава во списанието Нејчр објави свое истражување од пазарот во Вухан за потеклото на вирусот. Според кинеските научници, останува можноста човек да го донел коронавирусот на пазарот, односно човек да го пренел на животно, какво што е лилјакот.
Според истражувачите, најподложни на коронавирусот биле кучињата и ракуните. Сепак, тоа не кажува многу за потеклото на вирусот.
Луѓето почнаа да се колебаат и за другите вакцини
Истовремено, поради пандемијата падна вакцинацијата за детски болести во САД и во целиот свет. Ова важи особено за вакцините против сипаници, пертусис и детска парализа.
Се смета дека возрасните Американци пропуштиле 37 милиони рутински вакцини за други боледувања поради тоа што фокусот во 2020 и 2021 година беше на короната. Седум отсто од американските деца не примија вакцини за мали сипаници, заушки и рубеола.
Вкупно, бројот на редовно вакцинирани деца паднал од просечните 66 на 49 отсто во тие две пандемиски години.
Антиваскерството порасна кога пораснаа мерките
Многу експерти веруваат дека барањата за дози од вакцината од ковид-19 токму го поттикнале ова во САД. Федералните држави ги воведоа строгите мерки за задолжително вакцинирање надевајќи се дека побрзо ќе ги добијат дозите и дека ќе има повеќе вакцинирани.
Сега полека преовладува мислењето дека ефектот бил спротивен. За да се бори со зголемениот број новозаразени, владата во САД потоа воведе задолжителни мерки за приватните фирми и за администрацијата.
Многу држави во светот воведоа различни форми на карантин.
Сега кога пандемијата се претвори во „ендемија“ земјите ги укинаа мерките.
Но, неодамна СЗО предупреди за новата подваријанта на ковид-19 наречена „арктурус“ која се појави во Словенија, а која носинови симптоми како што се чешање, конјунктивитис и висока температура.
Словенија превентивно ги врати маските, иако досега не се забележани сериозни компликации од новиот подвид.
Две дози ќе направат воопшто да не се заразите?!
Се сметаше дека д-р Фаучи е глас на разумот. Кога вакцинирањето беше во полн замав, д-р Фаучи рече дека имунитетот од „боцкањето“ ги прави луѓето со две дози „ќорсокак “ за вирусот, па дури и сугерираше дека можеби повеќе нема потреба да носат маски.
Тоа не се покажа точно како што пандемијата течеше.
И денес околу половина од американските држави им наложуваат на вработените во разлини индустрии да се вакцинираат за ковид-19. Десетина држави пак, целосно ги укинаа мерките. Мразот го скрши Флорида, која уште во 2021 потпиша закон со кој им забрани на компаниите да бараат од нивните вработени задолжително да се вакцинираат.
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, денес е ривал на Доналд Трамп од Републиканската партија на претстојните претседателски избори.
Нова биохемиска бомба отчукува во Судан
Пандемијата заврши, но не и меѓусебното обвинување на Кина и САД во врска со тоа од каде потекнал коронавирусот.
Но, во меѓувреме нова биохемиска бомба веќе почна да отчукува во североисточна Африка.
Извор за Си-Ен-Ен од Судан, каде се води битка меѓу двајца генерали за превласт вели дека од едната група била запленета биолабораторија во која се чуваат примероци на колера, полио, мали сипаници и други опасни болести.
Според него „опасноста лежи во избувнувањето на каква било вооружена конфронтација во лабораторија, бидејќи тоа ќе ја претвори лабораторијата во бактериска бомба“.
Светската здравствена организација(СЗО) не го посочи виновникот за запленувањето на лабораторијата, но рече дека медицинските техничари повеќе немале пристап до објектот.
Објектот е отсечен од струја.
Нима Саед Абид, претставник на СЗО во Судан, го опиша развојот на настаните како „исклучително опасен“.