ЦРВЕНАТА ШУМА ВО ЧЕРНОБИЛ Руски војници и возила по грешка биле „спржени“ при повлекувањето?

„Црвената шума“ го добила името по црвените светла кои светат кога нивоата на радијација се над дозволеното. Такви светла последен пат светеле во катастрофата во Чернобил во мај 1986 година. Но, сепак, тоа е вистинска шума.

926

Руски војници и оклопни возила кои се повлекувале од Чернобил по грешка поминале низ „Црвената шума“, зона со отровна радијација, а потоа биле пренесени во болница, изјавил работен во украинската агенција за управување со т.н. „зони на исклучување“. Ова го пренесе Ројтерс во понеделникот, додека Гардијан пишува дека информацијата не е потврдена. Се вели дека при преминувањето се кренала радиоактивна прашина.

„Црвената шума“ го добила името по црвените светла кои светат кога нивоата на радијација се над дозволеното. Такви светла последен пат светеле во катастрофата во Чернобил во мај 1986 година. Но, сепак, тоа е вистинска шума.

 






„Гардијан“ пишува дека неколку од отруените стебла потоа биле отстранети, а земено е и семе од нив, кое ќе се испитува за да се види колку биле погодени од радијацијата. Весникот додава и дека некои научници од истражувачкиот центар добиле бизарни мутации.

 

„Црвената шума“ пред војната можеше да се посети само со специјални дозволи или со официјални туристички водичи со Гајгеров бројач кои знаеја каде може да се движат. Нивните процени велат дека подрачјето нема да биде безбедно дури 24.000 години.

Руските сили се повлекуваат од околината на Чернобил, пренесоа светските медиуми.

Поврзани содржини