ЦРНОГОРСКАТА СЕКСИ-ПОЛИТИЧАРКА БРЗАЛА НА ФРИЗЕР И ВОЗЕЛА 200 НА ЧАС „Невина сум“, тврди Мирјана Пајковиќ

517

Нов скандал ја потресе јавноста во Црна Гора, откако поранешната државна секретарка Мирјана Пајковиќ беше приведена поради екстремно брзо возење – дури 202 километри на час, на автопатот кај Колашин.

Според полициските информации, таа била запрена и лишена од слобода поради сериозно пречекорување на дозволената брзина.






Самата Пајковиќ го потврди настанот, но тврди дека станува збор за непримерен однос од страна на институциите. Таа вели дека ѝ бил одземен автомобилот, дека била тестирана за алкохол и дроги – со негативни резултати – и дека целата постапка била спроведена со низа неправилности.

„Брзав на фризер“, изјави таа, обидувајќи се да го објасни своето однесување, но истовремено инсистира дека е невина и дека случајот намерно се претвора во сензација. Според неа, станува збор за обид за дискредитација.

Инцидентот доаѓа во момент кога нејзиното име веќе со месеци е во фокусот на јавноста поради еден од најконтроверзните политичко-медиумски скандали во земјата, што дополнително ја засили реакцијата на јавноста.

Во центарот на таа афера се најдоа експлицитни снимки и фотографии што протекоа во јавноста, а во кои се појавува токму Пајковиќ. Таа тврдеше дека станува збор за „осветничка порнографија“ и поднесе кривични пријави, обвинувајќи го поранешниот шеф на безбедносната служба Дејан Вукшиќ за закани и уцени.

Аферата предизвика политички потреси – следеа меѓусебни обвинувања, оставки и отворање истраги. Случајот отвори и поширока дебата за границата меѓу приватниот живот и јавната функција, како и за злоупотребата на интимни материјали во политички пресметки.

Поврзани содржини