ЦРНАТА ВДОВИЦА КОЈА ПУЛСИРА ВО ВСЕЛЕНАТА Секои 62 минути на 3.000 светлосни години од нас се случува чудо
Како што стареат пулсарите губат енергија и не можат да оддаваат гама-зраци на неколку милисекунди. По 10 или 1000 милиони години тие стануваат тешки за откривање. Но, ако друга ѕвезда се приближи доволно до нив, пулсарот може, како некој џиновски паразит, полека да го исцица материјалот од новата ѕвезда додека целосно не ја проголта.
Црна вдовица е типот на новопронајдената ѕвезда која се врти околу себе, а се одржува во живот проголтувајќи ја помалата ѕвезда која ја придружува во кружен танц. На само 3.000 светлосни години од нашата Земја оваа пулсирачка убавица и нејзината сопатничка прават круг една околу другата на секои 62 минути. Уште почудно, се чини дека системот има трета ѕвезда, на која, поради оддалеченоста, ѝ требаат 12.000 години за да сврти околу другите две, пренесува Јутарни.
Црната вдовица од системот ZTF J1406 + 1222 е досега најбрзо-пулсирачката ѕвезда откриена. Претходниот рекорд беше 75 минути. А, еве како би изгледал во анимација системот со трите ѕвезди:
– Овој систем е навистина уникатен за Црната вдовица бидејќи го најдовме користејќи го видливиот спектар на светлина, бидејќи има такви придружници и затоа што се наоѓа во галактичкиот центар – вели Кевин Бурџ, физичар од МИТ.
Пулсарите се како светилници во вселената. Тие настануваат откако ќе изумре некоја огромна ѕвезда, претворајќи се во неутронска ѕвезда. А, кога неутронските ѕвезди имаат силно магнетно поле и силно се вртат околу себеси, ги нарекуваме пулсари.
Како што стареат пулсарите губат енергија и не можат да оддаваат гама-зраци на неколку милисекунди. По 10 или 1000 милиони години тие стануваат тешки за откривање. Но, ако друга ѕвезда се приближи доволно до нив, пулсарот може, како некој џиновски паразит, полека да го исцица материјалот од новата ѕвезда додека целосно не ја проголта.
– Овие системи се нарекуваат црни вдовици поради начинот на кој пулсарот ја троши блиската ѕвезда, исто како што пајакот го јаде својот партнер – рече Бурџ.
Астрономите претходно пронајдоа такви системи користејќи гама зраци или Х-зраци. Но, научниците сега користеа поинаков метод и го открија ZTF J1406 + 1222 со помош на видливата светлина. Се покажало дека „дневната“ страна на ѕвездата придружничка станува многу пати потопла од ноќната страна, која експертите можеа да ја забележат.
А што стана со онаа трета ѕвезда која орбитира околу првите две на секои 12.000 години?
Бурџ и неговите колеги имаат неколку идеи за процесот на формирање на таков троен систем.
Прво да почнеме со двојните, т.н. бинарни системи на црната вдовица. Тие произлегуваат од густо соѕвездие древни ѕвезди познато како топчесто јато. Водечката теза претпоставува дека гравитацијата на црната дупка во центарот на нашата галаксија можеби одвоила топчесто јато што некако залутало, додека тројната црна вдовица успеала да го преживее процесот.
Но, има еден проблем со ова откритие. Имено, научниците ја откриле ZTF J1406 + 1222 со помош на видлива светлина, но кога се обиделе да регистрираат гама и рендген зраци, не виделе ништо, што всушност укажува дека воопшто не се работи за црна вдовица!
Она што досега за сигурно го знаеме е дека постои ѕвезда со дневна страна која е многу потопла од ноќната страна и дека двете ѕвезди ќе направат цел круг на секои 62 минути. Според Бурџ, можно е и да се работи за сосема нов феномен.