ЦРН ПЕТОК БУКВАЛНО ЗНАЧЕЛО „ГРАДОВ Е ВО ХАОС“ Еве ја неговата бизарна приказна
Полициската управа во Филаделфија го користеше терминот за да го опише сообраќајниот метеж и интензивното преполнување на продавниците во центарот на градот, вели Дејвид Зила, стилист, добитник на Еми и автор на „Како да се победи во шопинг“.
Сообраќаен метеж, па и смртни случаи по улиците во Америка имало редовно на петокот после Денот на благодарноста, кога луѓето брзале да купуваат, а полицијата го нарекла „црн“, пишува Хафингтон Пост. Да се биде „во црно“, (in the black), на англиски исто така значи да бидеш во „плус“’ со бизнисот, а токму на тој ден, кога на Запад се отвора предбожиќниот апетит на купувачите, малите трговци успевале да направат обрт на бизнисот.
Но, црниот петок не бил секогаш црн. Еве ја неговата бизарна историја.
Црн петок значело „градов е во сообраќаен хаос“
Најраната употреба на фразата „црн петок“ датира од 1869 година и нема никаква врска со божиќното купување. Тоа беше денот кога драстичното опаѓање на цените на златото предизвикало пад на пазарот, чии ефекти ги чувствуваше американската економија со години.
Сепак, првите споменувања на црниот петок, како што го знаеме, се случиле во 1950-тите или 60-тите години во Филаделфија, а биле измислени од сообраќајната полиција која се плашела од тој ден.
– Полициската управа во Филаделфија го користеше терминот за да го опише сообраќајниот метеж и интензивното преполнување на продавниците во центарот на градот – вели Дејвид Зила, стилист, добитник на Еми и автор на „Како да се победи во шопинг“.
Тој истакна дека една од првите употреби на терминот во печатена форма се појавила во реклама во издание на Американскиот филателист од 1966 година, списание за собирачи на поштенски марки.
– Соодносот меѓу продажниот персонал и клиентите се зголеми, бидејќи чест обичај во тоа време беше продажните соработници да се прават болни на овој ден за да го продолжат својот празничен викенд на Денот на благодарноста – вели Зила.
Црн петок е како бубонската чума
„Петок-по-Денот на благодарноста“ е болест втора по бубонската чума по нејзините ефекти. Барем тоа е чувството на оние кои треба да ја исфрлат продукцијата, кога ќе дојде „црниот петок“. Продавницата можеби е полупразна, но секој отсутен беше болен – и може да го докаже тоа“, се вели во списанието „Фабричко управување и одржување“ од 1951 година
Не е јасно дали црниот петок бил вообичаен израз уште во таа 1951 година или дали авторот на статијата едноставно бил паметен, но едно е сигурно: не многу луѓе биле и се обожаватели на тој ден.
Трговците сакале да биде „голем“ наместо „црн“
Не е изненадувачки што на трговците на мало не им се допадна употребата на мрачниот термин „црн петок“ за да се опише еден од нивните денови со најголем приход. Така тие ставија позитивен спин на тоа.
– Црниот петок се приклучува на долгата листа на денови кои со текот на времето добија ново значење – вели Зила.
Веќе во 1961 година, професионалците за односи со јавноста се обидоа да ја променат перцепцијата на јавноста за црниот петок. Во издание на „Public Relations News авторот ги опиша напорите на еден добро познат директор за односи со јавноста да го промени денот од „црн“ во „голем“ со цел денот да ја зацврсти својата репутација како ден за семејна забава и шопинг.
После црн петок иде сајбер-понеделник
Сепак, името „големиот петок“ не се задржа, но континуираните напори да се стави позитивен спин на денот на крајот се исплатеше. Денес, повеќето потрошувачи го поврзуваат црниот петок со она што трговците на мало со црно мастило го гледаат од зголемената продажба.
„Трговците на мало денес малку се грижат за потеклото на името, но целосно го искористија неговото глобално признавање како ден, заедно со „сајбер понеделникот“ за да направат значителен дел од нивната годишна продажба со само еднодневни и промоции на врата – изјави Зила.
Сајбер-понеделникот доаѓа веднаш по викендот, но има предност. Не се туркате во продавница туку купувате онлајн. Засега ова има ефект. Во 2019 година онлајн-продажбата за време на црниот петок достигнала рекордни 7,2 милијарди долари, што било за 14 отсто повеќе од претходната година.
Црниот петок отсекогаш ја претставувал и темната страна на американскиот консумеризам. Со текот на годините, избезумените толпи кои се натпреваруваа за стока со намалена цена резултираа со насилство и повреди, вклучително и 12 смртни случаи. Како ќе биде годинава со короната? Ќе дадат ли големи попусти, како што во САД има и до 70 отсто? Ќе ги кренат ли однапред цените за потоа да ги спуштат?