ЦРН ПЕТОК, ДЕН ЗА СЕМЕЈНА ЗАБАВА И ШОПИНГ! Како настанал денот кој го слави консумеризмот?
Во 1961 година, експертите за односи со јавноста почнале да работат на промена на имиџот што „Црниот петок“ го имал во очите на јавноста, со цел овој ден да стане синоним за семејна забава и шопинг. Некои дури се обиделе да ја заменат придавката „црно“ со придавката „голема“, но тоа име не се задржало.
ога ќе помислите на „црн петок“ денес, веројатно помислувате на гужви и редици и обиди да зграбиме работи што не ни требаат, само затоа што се на попуст. И тоа е реална слика денес, бидејќи „црниот петок“ стана ден на големи попусти и уште поголеми купувања во светски размери. А историски нема никаква врска со тоа!
Прво, кога ќе ја додадеме придавката „црно“ на датум или ден, едвај помислуваме на нешто добро. Во минатото „Црниот петок“ ималше токму таква мрачна репутација.
Постојат неколку приказни за тоа зошто првиот ден по Денот на благодарноста во Америка, станал „црн“ и сите тие имаат врска со американската историја. Најчестата приказна вели дека официјалната употреба на терминот датира од 1869 година и – нема врска со пазарење!
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.