ЦРН ЕКРАН ЗА ОНИЕ КОИ БЛОКИРААТ РЕКЛАМИ НА ЈУТЈУБ Гугл брои до 3 и ве исфрла од системот
Новиот чекор на Јутјуб е најостриот досега. Наместо само да го предупредува корисникот, платформата сега намерно ги забавува видеата, воведува паузи и праќа пораки со линк до својата техничка поддршка.
Гугл тргна во технолошка пресметка со сите што со инсталирани блокатори се обидуваат да ја избегнат рекламната инвазија на Јутјуб. Наместо видеа, гледачите добиваат црни екрани и пораки за „прекини“.
Многу корисници пријавуваат паузи од 5 до 10 секунди на секое снимање со порака „Доживувате прекини? Дознајте зошто“ што ги упатува директно до техничката поддршка на Гугл.
Новиот чекор на Јутјуб е најостриот досега. Наместо само да го предупредува корисникот, платформата сега намерно ги забавува видеата, воведува паузи и праќа пораки со линк до својата техничка поддршка.
„Го користам Brave, технички блокира реклами, ама добивам црн екран колку што би траела рекламата“, објави фрустриран корисник.
Освен тоа, воведен е и строг бројач: три видеа со активен блокатор, и Јутјуб ве исфрла од системот. За да продолжите, мора да го исклучите блокаторот и да го рестартирате прелистувачот.