ЧУДОТВОРЕН ЛЕК УСПЕШНО СЕ ТЕСТИРА ВО МАДРИД Драматично го намалува високиот крвен притисок, како ниту еден друг лек досега

Нов лек би можел да ја смени целата „игра“ во третманот на хипертензијата, една од најраспространетите и најподмолните болести на денешницата – информациите ќе ве изненадат.

301

Лекарите ја поздравија новата пилула баксдростат, како вистински „гејмченџер“ во борбата против тврдоглаво високиот притисок, кој не реагира на постоечките терапии. Овој проблем ги погодува милиони пациенти ширум светот и претставува сериозна закана за срцев и мозочен удар, бубрежна болест и за предвремена смрт.

Големи резултати од глобалното истражување






Клиничкото истражување BaxHTN опфати 796 пациенти во 214 клиники низ светот. По 12 недели, кај пациентите кои примале баксдростат, притисокот се намалил во просек за 9 до 10 милиметри живин столб повеќе од оние на плацебо. Овој пад е доволен за значително намалување на кардиоваскуларниот ризик, пишува Гардијан.

Речиси 4 од 10 пациенти кои го примале лекот еднаш дневно постигнале здрави вредности на крвниот притисок, во споредба со помалку од 2 од 10 кај плацебо групата. Податоците беа претставени на конгресот на Европското кардиолошко друштво во Мадрид, а истовремено објавени и во „New England Journal of Medicine“.

Професорот Брајан Вилијамс од Универзитетскиот колеџ во Лондон изјави: „Никогаш досега не сум видел намалување на притисок од ваков обем со еден лек. Баксдростат нуди речиси 10 mmHg намалување на систолниот притисок, што драматично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар“.

Таргетирање на хормонот алдостерон

Суштината на лекот е во блокирањето на хормонот алдостерон, кој го регулира балансот на сол и вода во телото. Кај многумина, прекумерното производство на алдостерон е причината за тешко контролираниот висок притисок. Со баксдростат, првпат е развиена терапија која прецизно ја таргетира оваа причина. „Ова е вистински триумф на науката“, нагласи Вилијамс.

Истражувањата покажуваат дека половина од заболените од хипертензија живеат во Азија, со најголем број во Кина и во Индија. Тоа ја нагласува важноста на лекот за милиони пациенти во земји со пониски приходи, каде што контролата на болеста е особено слаба.

Перспектива за иднината на кардиолошката терапија

Професорот Пол Лисон од Универзитетот во Оксфорд истакна дека баксдростат може да стане „вреден дополнителен третман“, бидејќи за разлика од старите терапии кои го блокираат делувањето на алдостеронот, овој лек директно ги намалува неговите нивоа. Дополнително, студијата опфати пациенти од различни етнички групи и полови, што ја прави релевантна за глобалната популација.

Покрај ова откритие, на конгресот во Мадрид беше презентирана и нова терапија против висок холестерол – инјекцијата „Leqvio“ (inclisiran), која се дава двапати годишно и покажа брзо постигнување на терапевтски цели, со помалку несакани ефекти од класичните статини.

 

Поврзани содржини