ЧОВЕКОТ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА КРАЛСТВОТО СХС, НО И ЗА БУГАРИТЕ И ЗА ГРЦИТЕ Годишнина од смртта на Тодор Александров

Контроверзниот револуционер, кој се бореше за автономна Македонија, загина на денешен ден во 1924 година.

2,178

На денешен ден, 31 август 1924 година, кај селото Лопово на Пирин планина бил убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии.

Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на местните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.






По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.

Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС.

Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.

Роден бил во Ново Село, Штипско на 4 март 1881 година.

Поранешниот премиер Никола Груевски објави обемен пост на Фејсбук за Тодор Александров:

Поврзани содржини