📽 ЧOВЕКОТ ШТО ПОТРОШИ МИЛИОН ЕВРА НА ХРАНА Ако можел Деки да ослаби 80 килограми, можете и вие!
„Изгубив 80 килограми. Стекнав енергија, многу сум среќен поради тоа. Сега јадам месо и многу салата. Мојата максимална тежина беше 193 килограми. Секому кому му треба совет или помош, јас сум тука. За сите. Знам како е, се борев, пробав илјада диети претходно и не успеав. На сите луѓе им треба поддршка. Планирам да ослабам уште 10-20 килограми, па ќе почнам да тренирам“, вели Дејан Ѓуричиќ Деки, човекот кој секогаш во сакото носел лажица три пати поголема од обичните.
Дејан Ѓуричиќ Деки е синоним за добра и вкусна храна. Во една телевизиска емисија во Србија тој пресмета дека за 30 години потрошил 1 милион евра за храна.
„Јадам во ресторан секој ден веќе 30 години. Тоа се 10.950 дена. Сега сметката ќе ми биде најмалку 100 евра. Јадев 2-3 пати на ден во ресторан. Ама да го преброиме само тој еден оброк, тоа се 100 евра. И тоа не вклучува пиење. Значи, 100 евра по 10.950 дена, тоа се 1 милион евра“, рече тој во емисијата.
Славата ја стекнал по количината на храна што ја внесуваше, но и по лажицата што ја носел со себе.
„Во зимскиот период во внатрешниот џеб од сакото носам лажица, но не обична, туку за вадење сарми. Таа е три пати поголема од нормалната лажица. Јадам супи и грав со неа. Со нормална лажица, која јас ја нарекувам диетална, многу се изморувам“, изјавил тогаш во времето кога тежел 177 килограми.
Но, сега Деки има 80 килограми помалку.
„Изгубив 80 килограми. Стекнав енергија, многу сум среќен поради тоа. Сега јадам месо и многу салата. Мојата максимална тежина беше 193 килограми. Секому кому му треба совет или помош, јас сум тука. За сите. Знам како е, се борев, пробав илјада диети претходно и не успеав. На сите луѓе им треба поддршка. Планирам да ослабам уште 10-20 килограми, па ќе почнам да тренирам“, вели тој.
Ако можел Деки, можете и вие.
Погледнете ја емисијата за овој необичен лик: