📽️ ЧОВЕКОТ КОГО СМРТТА НЕ ГО САКАШЕ Што е вистина, а што мит, во приказната за авантурите на Хрватот Фране Селак?
Автомобилот кој го возел Фране во 1970 година се запалил, но повторно преживал. Слична несреќа наводно му се случила и три години подоцна кога моторот испуштил жешко масло и му ја изгорело косата, но не и животот.
Приказната за Фране Селак, Хрватот кој 7 пати избегнал сигурна смрт, е стара, но одвреме-навреме се обновува, како и дилемите во која мера е таа точна и дали е измислена.
Магазинот „Тотал Кроација“ го нарекува најсреќниот човек на светот. Работел како учител по музика.
Неговата приказна започнува во 1962 кога возот во кој патувал излетал во река, а непознат човек го извлекол од студената вода. Седумнаесет луѓе загинале, а Селак се спасил и поминал само со скршена рака и хипотермија.
Во 1963 година, Селак се качил на чартер лет од Загреб до Риека за да ја посети мајка си, која се разболела. Сите седишта на летот биле резервирани, но Фране објаснил дека има итен семеен случај и успеал да го убеди екипажот да го земе. Седел во задниот дел од авионот, до стјуардесата по име Розика.
Недалеку од аеродромот на кој требало да слета, авионот доживеал технички дефект и почнал да губи надморска височина, конечно удирајќи во карпа.
Вратата на авионот се отворила среде лет, а тој паднал во сено додека авионот се урнал, убивајќи 19 патници.
Се вели дека Селак оттогаш не седнал во авион.
Croatian music teacher Frane Selak is sometimes referred to as the “luckiest unlucky man.” Over his lifetime, he claimed to have survived multiple life-threatening incidents.
In January 1962, Frane Selak survived a train crash that killed 17 passengers, escaping with a broken… pic.twitter.com/GW3lCoxiq2
— Morbid Knowledge (@Morbidful) October 1, 2024
Три години потоа, автобусот со кој патувал излетал во река и 4 патници се удавиле, додека Селак успеал да исплива на брегот со неколку гребаници.
Понатаму, автомобилот кој го возел Фране во 1970 година се запалил, но повторно преживал. Слична несреќа Селак имал и три години подоцна кога моторот испуштил жешко масло и му ја изгорело косата, но не и животот.
Во 1995 година автобус го удрил во Загреб, но немал сериозно повреди.
Година подоцна, камион на Обединетите Нации речиси се судрил со автомобилот на Селак на планински пат. Селак го избегнал судирот со скршнување во последен момент и удрил во заштитна ограда на патот.
Оградата попуштила и неговиот автомобил паднал во клисурата, околу 100 метри подолу.
Селак успеал да скокне од прозорецот на автомобилот држејќи се за дрво на самата карпа. Тој можел да го стори ова и да се спаси бидејќи не носел сигурносен појас – наводно никогаш повеќе не го користел по трагичната авионска несреќа.
The Seven Unbelievable Survival Stories Of Frane Selak pic.twitter.com/SNSlM8Gq1B
— Alvin Foo (@alvinfoo) July 6, 2023
Ова била последната од сите катастрофи што ги доживеал Селак во својот живот, но не и последен пат судбината да го изненади.
Па така, неколку дена откако наполнил 73 години, Селак освоил џекпот од 6,5 милиони куни (околу 900.000 евра). Купил куќа за одмор, а потоа великодушно го споделил остатокот од добивката со пријателите и семејството.
Наводно купил и подарил 25 автомобили и им позајмил пари на многу луѓе, од кои повеќето, како што обично се случува, никогаш повеќе не ги видел. Тоа не го направило огорчен, а повремено се шегувал дека немал талент за бизнис.
Починал во 2016 година, на 86-годишна возраст. Во последните десет години од животот, Селак станал ѕвезда на интернет, а неговата животна приказна се појавува во медиумите на неколку години.
Освен хрватските медиуми, неверојатната судбина на Селак ја објавија и Би-Би-Си и „Гардијан“.
Каналот „This & That Visuals“ на Јутјуб ја претвори неговата животна приказна во анимиран филм кој бил прегледан над 3 милиони пати откако видеото било објавено во 2014 година. Ова го иритирало Селак.
Не му се допаднало како е направено видеото и не бил среќен што другите профитираат од неговите тешки години.
– Американците немаат поим. Ми дадоа мустаќи и ги измешаа сите мои несреќи – изјавил Фране.
Некои детали во раскажувањата на Селак варирале низ годините. Неговата приказна се претворила во урбана легедна во Хрватска и во регионот на поранешна Југославија.
Сепак, за многумина, тој остана симбол за човек што успеал да ја претекне својата судбина.