ЧОВЕКОТ КОЈ СТОИ ЗАД ЧАТ ГПТ ПРЕДУПРЕДУВА „Вештачката интелигенција може да направи човештвото да исчезне“
Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна.
Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредија експерти, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ (OpenAI) и „Гугл дипмајнд“ (Google Deepmind), додека десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.
Меѓу нив е и милијардерот Сем Алтман, извршен директор на компанијата ОпенАи која го произведе и го развива ЧатГПТ.

Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна.
Други експерти сепак тврдат дека овие стравувања се претерани. За професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „кумови на вештачката интелигенција“, таквите апокалиптични предупредувања се претерани.
Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашања како што е пристрасноста во системите, кои веќе се проблем.
Компјутерски научник од Универзитетот Принстон, Арвинд Нарајанан претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.
– Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција – посочи Нарајанан.
Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.
Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да нè заменат“.