ДЕ САНТИС ЌЕ БИДЕ ТРАМП НАМЕСТО ТРАМП? „Тој е просечен, во очајна форма, не ми е лојален“

Анкета на Ипсос сугерира дека Де Сантис веќе има наклонетост од 72 отсто од републиканските поддржувачи, наспроти Трамп со 64. Победата на Де Сантис во Мајами како да ги засени поразите на кандидатите на Трамп кои ги изгубија местата. Но, поранешниот американски претседател вели дека Де Сантис е просечен гувернер.

1,032

Чиракот на Трамп во политиката, а сегашен гувернер на Флорида, Рон Де Сантис е единствениот човек кој во моментов би можел да го прати во политичка пензија својот мајстор, пишува Би-Би-Си. Де Сантис(44) стана популарен за брзо време и ќе се кандидира на следните претседателски избори во 2024 година исто така од редот на Републиканците. За најсветлата ѕвезда во подем во партијата Трамп рече дека тој е „просечен гувернер без лојалност кој дошол кај него во очајна форма“.

Но, анкетите за Сантис го велат токму спротивното. Според Ипсос во октомври, 72 отсто од регистрираните републиканци рекле дека Де Сантис треба да има големо или добро влијание врз иднината на партијата. Околу 64 отсто го кажале истото за г-дин Трамп.






Се плаши ли Трамп од Де Сантис? Додека луѓето околу Трамп го советуваат да ја одложи одлуката да се кандидира за следните избори, се чини дека 76-годишниот бизнисмен и поранешен претседател на САД е решен да се пресмета со Де Сантис. Тој продолжи со изјави дека неговиот ривал е „лесен човек“.

– Рон имаше слабо одобрување, лоши анкети и немаше пари, но тој рече дека ако го поддржам, тој може да победи. Ја поправив и неговата кампања, која целосно се распадна – продолжи да се жали поранешниот американски претседател.

– Па и  во однос на лојалноста и класата, тој (Де Сантис) навистина не е вистинскиот одговор – додаде Трамп.

Пред неколку дена Републиканците добија мнозинство во Конгресот, додека во Сенатот водат со само еден човек, па затоа ќе се прегласува. Но, кандидатите кои Трамп ги подржа се мачеа или ги изгубија местата. Трамп наводно бил бесен на сите во партијата и на Меланија Трамп. Неговиот миленик докторот Оз го изгуби столчето. Дали Трамп пак ќе обвинува за изборна измама како што тоа го направи во 2020 година кога изгуби од Џо Бајден?

фото: твитер/принтскрин

Едно е сигурно. Неговите гласачи, повеќето од нив, отрфлаат дека во 2020 година имаше измама. И на овие изброи, неговите најблиски советници му велат да ја преиспита одлуката и да не се кандидира.

– Мислам дека треба да ја стави (најавата за неговата кампања) на пауза – рече Кејли Мек Енани, поранешната прес-секретарка на Трамп, за Фокс њуз.

Од друга страна победата на Рон Де Сантис со 20 поени над демократскиот противник Чарли Крист, напротив, привлече големо внимание особено во десничарските медиуми. Всушност, победата на Де Сантис во Мајами, кој иначе е традиционално упориште на демократите е најголемата победа на републиканец во последните четири години.

Сега засега Де Сантис не одговорил на коментарите на неговиот сопартиец Трамп.

Кој е Рон Де Сантис?

Роден во Џексонвил, Де Сантис поголемиот дел од своето детство го поминал во Флорида. Дипломирал на Универзитетот Јеил и на Правниот факултет на Харвард. Се приклучил на морнарицата на САД во 2004 година и бил унапреден во поручник. Бил распореден во Ирак во 2007 година. Кога се вратил во САД една година подоцна, американското Министерство за правда го назначило за специјален помошник американски адвокат во Канцеларијата на американското обвинителство во Средниот округ на Флорида, функција која ја вршел до 2010 година.
ДеСантис првпат беше избран во Конгресот во 2012 година. Тој често ја критикуваше истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. За време на неговата кампања за гувернери во 2018 година, Де Сантис ја истакна својата поддршка на Трамп.
За време на пандемијата ковид-19 во Флорида , ДеСантис се спротивстави на наметнувањето ограничувања, вклучително и задолжителните маски за лице, наредбите да се седи дома и задолжителната вакцинација. Во мај 2021 година, тој потпиша закон со кој им забранува на бизнисите, училиштата, бродовите за крстарење и владините субјекти да им бараат доказ за вакцинација на граѓаните.
Поврзани содржини