ЧОВЕК ОД ЦРНА ГОРА ГО СОЗДАЛ СЛАВНИОТ КРАЛ НА СОЛТА Митко вложил во него милиони, денес цел свет знае за Нусрет

Светски познатиот готвач Нусрет Гокче славата ја стекна благодарение на Митко Муриќ од Рожаје.

185

Митко Муриќ (Митхат Ердем), по потекло од Јабланица кај Рожаје во Црна Гора, денес е успешен бизнисмен, а својата кариера ја започнал во Истанбул, каде што пристигнал кога имал само шест години. Како млад човек работел во Капаличаршија, каде што го стекнал своето прво искуство.

Иако не завршил училиште, успеал да го започне својот бренд „Vento Milano“, со кој учествувал на бројни модни ревии низ целиот свет. Тој останал во текстилната индустрија цели 25 години, објавува „Фокус Прес“.






Пресврт на неговиот пат се случил во 2010 година, кога го запознал тогаш непознатиот готвач и месар Нусрет Гокчке и го препознал неговиот потенцијал.

Нусрет Гокче, познат низ целиот свет како „Кралот на солта“ („Salt Bae“), стана глобална сензација поради неговиот карактеристичен начин на сервирање месо и солење на храната.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини