ЧОКОЛАДОЉУПЦИ, СРЕЌЕН СВЕТСКИ ДЕН НА ЧОКОЛАДОТО И секако, да живее Пеце!

За оние кои уште не го знаат, Пеце Клечкароски е единствениот во Македонија што прави занаетчиски чоколади и сѐ повеќе се усовршува па заслужува да биде спомнат во овој текст по повод светскиот ден на чоколадото кој се слави од 2009. година

132

Светскиот ден на чоколадата се слави на 7 јули, почнувајќи од 2009 година. Не е утврдено кој го создал овој празник, но знаеме зошто цел свет го слави – за да го прослави доаѓањето на овој деликатес во Европа во 1550 година.

Токму во чест на Светскиот ден на чоколадата го побаравме и стружанецот Пеце Клечкароски, веројатно првиот што почна да прави занаетчиска чоколада во Македонија. Пеце го запознавме пред неколку години, најпрво како шеф на кујна во еден струшки ресторан кој тукушто почнуваше со правењето на крем-намази од јатки кои денес се веќе добро познат бренд – Леска. Подоцна, почна да прави и чоколади и постојано се усовршува со цел, во блиска иднина да отвори чоколатерија.






Пеце постојано експериментира и создава нови вкусови, па веќе има различни видови, за сечиј вкус.

Тој објаснува дека и правењето намази од јатки и правењето чоколадо функционираат на сличен принцип бидејќи и самите зрна какао се јатки па имаат доста сличности при обработката. Патем, работи со висококвалитетни какао зрна со потекло од Екваторијална Гвинеја и Еквадор.

„Сакав да развијам рецепти за сопствено домашно чоколадо за во иднина самите кремови да бидат изработени со истото и на тој начин крајниот производ би бил направен од нула и би се карактеризирал со апсолутна уникатност. Мотивиран од оваа идеја почнав да правам
чоколада која се изработува директно од висококвалитетни какао зрна, а
самиот процес на изработка е доста комплексен вклучувајќи селектирање
и печење на какаото како главна карактеристика која влијае на вкусот, па потоа мелење и процесирање, па сѐ до темперирање и моделирање“, раскажува Пеце кој ни откри и дел од тајните на овој занает.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини