ЧИЈ Е ОВОЈ АЈВАР? Јаболко на раздорот на Балканот не е Македонија, туку ајварот

Слично како што е случајот со хумусот во арапскиот свет, практично секоја балканска земја тврди дека ајварот – популарен растителен намаз базиран на печени црвени пиперки – е нејзин.

944

Пред само една деценија, Мелиса Хасанспахиќ од источниот босански град Горажде не можеше да замисли дека денес ќе води бизнис за производство на храна врз основа на рецепт што го наследила од нејзината мајка. Меѓутоа, нејзиниот живот се променил кога почнала да продава тегли со својот домашен ајвар, многу популарен деликатес од зеленчук, кој претходно го подарувала само на своите најблиски.

„Го сакам ајварот, отсекогаш сум го обожавала“, вели Хасанспахиќ, сега претприемач со храна, која семејството, пријателите и клиентите на шега ја нарекуваат „Мадам Ајвар“.






Портокаловиот намаз, базиран на печени црвени пиперки, не го обожава само Хасанспахиќ туку и цела Босна и Херцеговина – и целиот балкански регион – каде што други „мадам ајвари“ како неа подаруваат или продаваат домашен ајвар во нивните заедници.

Прочитајте го целиот текст на порталот Арт кујна“.

Поврзани содржини