ЧИЈА ПРИКАЗНА ЗА БРАНАТА КАХОВКА ЌЕ ДОДРЖИ? Русите се повикаа на стар напис, а Украинците објавија снимка

Додека руски пратеник во ОН се повика на лански напис во Вашингтон Пост каде се тврди дека украински генерал размислувал за евентуално поплавување како последна опција, украинската служба СБУ објави аудиоснимка за која тврди дека е почетна трага која наведува дека Русија стои зад големата саботажа и хаварија.

423

Главниот украински командант на регионот Херсон лани во ноември размислувал да ја поплави реката Дњепар, но тоа не значи дека самата украинската влада официјално имала план за уништување на браната „Нова Каховка“ како што тврдеше екс-новинарот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, пишува Њузвик, во своја анализа за поплавата која зафати шестотини километри квадратни во Украина.

Приказната на Вашингтон Пост ја искористи и руски пратеник во Обединетите Нации Василиј Небензја кој го цитираше текстот велејќи дека Украинците уште лани планирале да ја урнат бранат за да добијат одредена воена предност. Тоа е руската варијанта за големата хаварија.






Њузвик смета дека Карлсон ја преувеличил информацијата напишана од угледниот „Вашингтон Пост„ лани, каде весникот објави дека украинскиот командант и мајор Андриј Ковалчук размислувал за поплавувањето како за „последна мерка“.

Што напиша лани Вашинтгон пост?

„Генерал-мајор Ковалчук размислуваше да ја поплави реката. Украинците, рече тој, дури извршија пробен напад со фрлач ХИМАРС на една од портите за поплавување на браната Нова Каховка, правејќи три дупки во металот за да се види дали водата на реката Дњепар може да се подигне доволно за да ги спречи Русите да преминуваат, но да не ги поплави околните села. Тестот беше успешен, рече Ковалчук, но ваквиот чекор остана како последна опција“, стои во објавата.

 

Твитот на Карлсон, објавен на 6 јуни 2023 година, беше прегледан 101 милион пати. Повеќе западни медиуми напишаа дека тој е манипулативен.

Но, не за долго следеше и украинската страна од приказната. Денеска украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека пресретнала телефонски повик со кој се докажува дека руска „диверзантска група“ ги разнела хидроцентралата и браната Каховка во јужна Украина, пренесе Хина.

Во аудиоснимката двајца мажи на руски зборуваат за последиците од уништвањето на браната.

 

Службата не дава повеќе детали за разговорот или идентитетот на учесниците, но најави дека отворила кривична истрага за воени злосторства и „екоцид“.

„Напаѓачите сакаа да ја уценат Украина со минирање на браната и приредија вештачка катастрофа на југот на нашата земја“, објави СБУ.

Поплавувањето на браната останува предмет на префрлање на вината меѓу Киев и Москва. Во меѓувреме стигнаа најавите дека поседите со жито кои се под вода ќе направат недостиг на оваа клучна намирница во светската економија, односно во догледно време ќе ја зголемат цената на лебот и житните продукти.

 

 

 

 

Поврзани содржини