ЧЕКОР КОН МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, А МОЖЕБИ И ОПАСЕН ТРЕНД Што се тоа 75 Hard Challenge и 75 Soft Challenge на ТикТок и вреди ли да се проба?
На ТикТок, корисниците често ги споделуваат своите успеси и неуспеси во предизвиците, што создава притисок кај младите да ги следат овие трендови. Психолозите велат дека социјалните мрежи создаваат илузија на перфекција, која негативно влијае врз самодовербата на оние што не успеваат во предизвикот.
Социјалните мрежи често нè изненадуваат со нови трендови и предизвици, а еден од тие што го привлекува вниманието на милиони корисници на социјалната мреќа ТикТок е 75 Hard Challenge – стриктен режим за зајакнување на менталната и физичката сила. Паралелно, за оние кои бараат полесен пристап, се појави 75 Soft Challenge, кој е „помеката“ верзија. Овие трендови на ТикТок добиваат значителен замав, но нивните потенцијални ризици и ефектите врз здравјето се предмет на контроверзи.
Што е 75 Hard Challenge?
75 Hard Challenge е предизвик кој трае 75 дена и се состои од строги правила што треба да се почитуваат секојдневно. Вклучува два тренинга дневно од по 45 минути (еден задолжително надвор, без оглед на временските услови), читање на најмалку 10 страници од книга (без фикција), следење на строга диета без никакви мали попусти и секојдневно пиење одреден број литри вода (3,7 литри мажите, 2,7 литри жените). Правилото е дека доколку корисникот пропушти еден ден или не заврши нешто од обврските, треба да почне одново.
75 Soft Challenge: Полесна алтернатива
Поради строгите правила на 75 Hard, се појави и 75 Soft Challenge, кој нуди попристапна верзија на овој предизвик. Наместо строги правила, предизвикот дозволува умерен пристап: еден тренинг дневно од 45 минути, умерена исхрана со простор за повремени слатки, читање секој ден (исто 10 страници, но може и и фикција) и пиење вода според личните потреби (препорака е 3 литри дневно). Оваа верзија е наменета за оние кои сакаат подобра дисциплина и здравје, но без екстремните ограничувања.
Психолошки и физички ефекти
И покрај популарноста, предизвиците носат различни психолошки ефекти кај учесниците. Поддржувачите веруваат дека 75 Hard Challenge помага за зајакнување на менталната сила и дисциплина.
„Овој предизвик ме научи да бидам пострплив и поодговорен“, вели еден корисник на ТикТок.
Сепак, експертите предупредуваат дека строгите правила можат да создадат стрес, фрустрација, и анксиозност кај оние кои тешко ги следат обврските секој ден.
Критика на строгите предизвици
Критичарите велат дека 75 Hard и сличните предизвици поттикнуваат токсична култура на самоконтрола и може да доведат до компулсивно однесување.
„Не е секој психолошки подготвен да се справува со постојана дисциплина и неуспехот може да доведе до ниска самодоверба,“ објаснуваат психолозите од Клиниката Кливленд во САД.
75 Soft верзијата на челинџот е поздрав и поодржлив избор за оние кои сакаат да направат позитивни промени, без стрес и дополнителен притисок.
Можни здравствени ризици
Здравствените експерти предупредуваат на физичките ризици од овие предизвици. Строгиот распоред за вежбање и диета може да предизвикаат замор, дехидратација, па дури и здравствени компликации ако учесниците ги игнорираат сигналите на телото. Од друга страна, 75 Soft е поздрав за оние кои сакаат физички да се активираат без да го ризикуваат своето здравје.
Социјалните мрежи и влијанието врз самодовербата
На ТикТок, корисниците често ги споделуваат своите успеси и неуспеси во предизвиците, што создава притисок кај младите да ги следат овие трендови. Психолозите велат дека социјалните мрежи создаваат илузија на перфекција, која негативно влијае врз самодовербата на оние што не успеваат во предизвикот.
И покрај популарноста, важно е корисниците да бидат свесни за можните последици и да не се стремат кон совршенство на сметка на здравјето. Овие предизвици можат да бидат инспиративни ако се користат мудро и со доза на реалност, а не само како начин за постигнување виралност на социјалните мрежи.
Важно е да се најде баланс
И покрај различните ставови, важно е корисниците да се ориентираат кон баланс и да не се вовлекуваат во трендови што можат да бидат штетни. Предизвиците како 75 Hard и 75 Soft нудат различни искуства, но здравјето и менталната стабилност треба секогаш да бидат приоритет.
Социјалните мрежи можат да инспирираат позитивни промени, но исто така носат и ризик од несоодветни очекувања. Секој предизвик треба да се разгледа внимателно, особено кога се во прашање здравјето и самодовербата.