ЧАТ ГПТ НЕ Е ДОВОЛЕН, НА РЕД Е „СВЕТСКИ КОИН“ КОЈ ЌЕ СКЕНИРА ОЧИ! Самопрогласениот марксист-милијардер лансира проблематична валута

Малку е познато дека 38-годишниот Алтман изјави дека марксизмот е „најдобриот систем за распределба на богатството“. Всушност, тој веќе дал 10 милиони долари за истражување кое треба да испита што би било кога на луѓето би им дале „по една плата цркавица“, нешто што стручно го нарекуваат Универзален базичен приход(УБИ).

569

„Светски коин“ ќе се вика криптовалутата која за неколку недели треба да ја лансира Сем Алтман, самопрогласениот маркист, човекот позади компанијата која го развива познатиот ЧатГПТ. Доколку сакате да купите од коинот, таканеречена „Топка“ ќе ја скенира рожницата од вашето око, за да биде сигурна дека вие сте…вие. Отпечатокот од рожницата ќе биде аплоудиран во архива на компанијата, пишува ЊујоркПост.

„Топка“ е името кое ѝ го дале на тест-верзијата на „Светскиот коин“. Алфанумеричкиот код кој ќе биде создаден од вашиот отпечаток е неповратна работа. Идејата на Алтман е да создаде безбедна, легална криптовалута која ќе нуди бесплатни токени во замена за ваквиот скен. Ако сакате да тргувате со некого, ќе тргувате со QR-кодот со кој ќе биде именуван неговиот паричник, а нема да го дознаете името на човекот или тој вашето.






Ова е „првиот токен што е глобално и слободно дистрибуиран до луѓето само поради тоа што се уникатни индивидуи“, пишува на вебстраницата на компанијата. Корисниците ќе добијат 80% од (бесплатната(понудата на крипто, додека 10% ќе бидат резервирани за компанијата, а останатите 10% ќе одат кај инвеститорите. Системот ќе работи врз база на алгоритам од познатата валута Етереум, што значи треба да „лета“.

Почнувајќи од понеделников, 1 долар е исто колку 21,97 светски коини, ако се водиме според crypto.com. „Единствениот“ проблем е што разни земји во светот имаат различни закони во врска со ова, а не сите ја имаат оваа технологија на скенирање на „топка“.

Всушност, компанијата морала да направи своја биометриска „топка“ за своите потреби. Дали секој корисник ќе мора да ја купува оваа направа останува нејасно. Ова мало „пророчиште“ изгледа како окото од филмот „2001: Одисеја низ вселената“ од Стенли Кјубрик. Токму во тој филм Вештачката интелигенција станува самосвесна.

фото: твитер/принтскрин

Марксизмот е најдобриот систем?!

Малку е познато дека 38-годишниот Алтман изјави дека марксизмот е „најдобриот систем за распределба на богатството“. Всушност, тој веќе дал 10 милиони долари за истражување кое треба да испита што би било кога на луѓето би им дале „по една плата цркавица“, нешто што стручно го нарекуваат Универзален базичен приход(УБИ).

Универзалниот базичен приход се смета за можно решение во ерата кога роботите ќе ни ги земат работните места, па дури и како луѓе, нема да бидеме доволно паметни за да ги си вратиме. Или пак, повеќе ќе се цени трудот на Вештачката интелигенција. Но, како и другите марксистички и левичарски идеи, УБИ е критикуван дека ќе предизвика инфлација во земјите, додека луѓето ќе станат паразити кои нема да мораат да работат…

Алтман, инаку другар на Илон Маск и на Марк Цукерберг, не јаде месо. Се интересира за трансцедентална медитација. Го напуштил факултетот за компјутерски науки во прва година.  Инвестирал во стотици стартапи меѓу кои и ЕрБнБ, Дропбокс и Реддит. Сам се створил милионер како и своите другари.

Тој има план да го клонира своето куче преку ДНК од неговото руво. Нешто слично како љубовта на Илон Маск кон своето куче Флоки и кон догикоин. Но, не баш исто.

фото: твитер/принтскрин

Сомнителни пари од уште посомнителни филантропи

Ако проблемот со „топката“ која ги скенира очите не беше доволен, има уште нешто што чкрипи во целата работа. Сем Алтман ја покренува „Светската криптовалута“ со 100 милиони долари со сомнително минато – дел од парите тој ги добил од 31-годишниот криптокрал Сем Банкмен познат како измамник на криптоберзата ФТХ, но и од 55-годишниот Рид Хофман од Линкд-Ин, кој според Вашингтон Пост еднаш се сретнал со Џефри Епштајн – сексуалниот претстапник чиј скандал и самоубиство ги превртеа САД од столчето.

Засега не се знае колку од соте милиони долари се од Банкмен-Фрид, кој го чека своето судење по 13 пријави за измами или од Хофман. Но, сто милиони долари не се ништо споредени со 10 милијарди кои Алтман ги даде за да го развие ЧатГПТ, а кој веќе го менува човештвото – или барем така се најавува.

Процената е дека вкупната инвестиција ќе достигне 1 милијарда.

Бенкмен Фрид е познат и по тоа што во филантропски марин подари 5,2 милиони долари за кампањата на американскиот претседател Џо Бајден во 2020 година. Ова е една од најголемите донации за кандидат на Демократите.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини