ЧАТ ГПТ ЌЕ ГИ ИЗВЕСТУВА РОДИТЕЛИТЕ АКО НИВНОТО ДЕТЕ Е ВО НЕВОЛЈА Компанијата Опен АИ ја зголемува родителската контрола
Безбедноста на платформата за млади корисници беше дискутирана кон крајот на август кога еден пар во Калифорнија ја тужеше компанијата Опен АИ за смртта на нивниот 16-годишен син, со тврдење дека Чат ГПТ го охрабрил да си го одземе животот.
Родителите на тинејџери кои го користат Чат ГПТ наскоро ќе можат да добијат известување ако платформата смета дека нивното дете е во неволја.
Тоа е една од новите родителски контроли што ги објави производителот на четботови Опен АИ.
Безбедноста на платформата за млади корисници беше дискутирана кон крајот на август кога еден пар во Калифорнија ја тужеше компанијата Опен АИ за смртта на нивниот 16-годишен син, со тврдење дека Чат ГПТ го охрабрил да си го одземе животот.
Опен АИ објави дека ќе воведе „подобрена заштита за тинејџери“ во наредниот месец.
Кога веста за тужбата се појави минатата недела, Опен АИ објави белешка на својата веб-страница во која се вели дека Чат ГПТ е обучен да ги насочува луѓето да бараат професионална помош кога се во неволја. Сепак, компанијата призна дека „имало моменти кога системите не се однесувале како што е предвидено во чувствителни ситуации“.
Сега е објавено уште едно ажурирање кое ќе им овозможи на родителите да ја поврзат својата сметка со сметката на своето дете, да управуваат со функциите што сакаат да се оневозможат, како што се меморијата и историјата на разговорот и да добиваат известувања кога системот ќе открие дека детето е во неволја.
Компанијата соопшти дека соработуваат со група експерти за развој на младите, проблеми со менталното здравје и за интеракција човек-компјутер, за да помогнат во обликувањето „визија заснована на докази за тоа како вештачката интелигенција може да ја поддржи благосостојбата на луѓето и да им помогне да напредуваат“.
Корисниците на Чат ГПТ мора да имаат најмалку 13 години, а доколку се под 18 години, мора да имаат родителска дозвола за да ја користат.
Тужбата поднесена во Калифорнија од Мет и Марија Рејн, родителите на 16-годишниот Адам Рејн, беше првата правна акција во која Опен АИ се обвинува за убиство. Семејството приложи транскрипти од разговорите помеѓу Адам и Чат ГПТ во кои синот објаснува дека има самоубиствени мисли и тврдат дека програмата ги потврдила неговите „најштетни и самодеструктивни мисли“.