📽 „ЧАТ ГПТ, АЖУРИРАЈ МЕ ДНЕВНО ЗА ВРЕМЕТО И ПОТСЕТИ МЕ ДА КУПАМ ЛЕБ“ Познатиот бот добива нова функција додека Алекса и Сири му дишат во врат

Корисниците ќе можат да му задаваат на Чат ГПТ повторливи задачи како ажурирања за најразлични информации. Ботот и сам ќе може да им предлага вакви услуги на корисниците анализирајќи кои се нивните интереси од разговорите кои претходно ги имале.

392

Корисниците кои ги користат платените везии на познатата вештачка интелигенција ЧатГПТ за неколку дена ќе можат на чет-ботот да му задаваат повторливи задачи како на пример, дневни ажурирања за времето, за билети за концерт или за најновите вести…

Функцијата наречена Tаскс(во превод „задачи“) е во бета верзија и треба да им пркоси на Сири на Епл и на Алекса на Амазон, пишува Ројтерс.

 






Чат ГПТ ќе може и однапред да им предлага вакви услуги на корисниците анализирајќи што тие претпочитаат врз база на архивираните разговори. Корисниците ќе имаат опција да ги прифатат или одбијат овие услуги.

Новата функцијата на ЧатГПТ доаѓа во време кога компанијата Амазон најави дека во наредните месеци ќе издаде обновена верзија на Алекса, додека Епл ја интегрираше својата технологија ЕплИнтелигенс во Сири по модел користејќи ја експертизата на ОпенАИ.

 

Епл побара дозвола од корисниците пред да ја побара услугата Опен АИ.

Поврзани содржини