ЧАЈ ЗА СИТЕ! Тридневен фестивал под мотото: Ослободете ја моќта на билките
Фестивалот на чај кој ќе се одржи од 17 до 19 ноември во Скопје Сити Мол, е фокусиран на природната медицина – лековитите билки од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапуни, препарати за здрав живот, мевлеми и чајни колачи од билки, понатаму шумски плодови, мармалади и чаеви со тартуфи.
Во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол, од 17 до 19 ноември ќе се одржи „Фестивал на чај“, под слоганот „Ослободете ја моќта на билките“.
На тридневниот фестивал на чајот ќе се претстават околу 30 учесници, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат чаеви, но и да дознаат повеќе за моќта на лековите билки од професионалци за ароматични билки и есенцијални масла.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.