ЧАЈОТ ОД ЦРН ПИПЕР Е ЛЕК НАД ЛЕКОВИТЕ Ја смирува кашлицата, го намалува холестеролот и помага кај реума и запек
Како зачин, црниот пипер не само што дава автентична арома, туку и го чисти респираторниот тракт, а исто така е и природен диететски извор на витамини Ц, К и манган. И покрај многуте корисни својства, чајот од црн пипер не треба да го пијат трудниците и доилките.
Црниот пипер се користи уште одамна поради својот пикантен вкус како еден од омилените зачини, но и како ефикасен природен лек за разни состојби. Има одлични антиоксидантни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Неговата најпозната состојка е пиперинот, кој му дава пикантна арома, но е и супстанца одговорна за најголемиот број на лековити ефекти.
Кај кои состојби може да помогне црниот пипер?
И сушените семки и зрна пипер можат ефикасно да помогнат во лекувањето на диспепсија (нарушување на варењето), запек, но и дијареа, уринарни инфекции, чиреви, артритис, ревматизам, забоболка и главоболка. Интересно е што може да помогне и при опоравување на матката по породувањето. Црниот пипер е одличен за продуктивна кашлица, а истражувањата велат дека го регулира нивото на шеќер во крвта. Ефикасен е и кога имаме главоболка или мачнина, а спречува когнитивни проблеми и појава на деменција и Алцхајмерова болест.
Повеќе за ова, како и рецепти за чаеви од црн пипер за различни состојби, побарајте на „Арт кујна“.