📷 ЦЕЛИОТ БАЛКАН СЕ СМЕЕ, ТИЕ СЕ СНАЈДОА За лежалка во Улцињ се плаќаат солени суми

Страницата „Подгорички времеплов“ ја прослави оваа ситуација со натписот штедење“. Не изостанаа бурните коментари на интернетџиите.

4,152

Цел Балкан се смее на фотографијата од познатото туристичко летувалиште Улцињ објавена на социјалните мрежи на која двајца туристи нашле начин оптимално да ја искористат лежалката во време кога, според шеговитите коментари, „таа чини солени 200 евра на ден“.

Страницата „Подгорички времеплов“ на Фејсбук ја прослави оваа ситуација со натписот „штедење“.






Не изостанаа бурните коментари на интернетџиите.

„Следната сезона лежалки на спрат“, гласи еден од најпопуларните коментари.

„На смени“, напишал друг.

„Има ли едно место и за нас двајца?“, се измајтапил трет.

Овој необичен пример открива како балканските туристи ги подредуваат креативните решенија кога плажите се преполни, температурите високи, а цените уште повисоки.

 

Поврзани содржини