ЦАРСКИ РЕЗ, ЗВУЧИ ЦАРСКИ, НЕЛИ? Породувањето со операција нема да ве спаси од болката, напротив!

Замислете да ве испратат на некоја обична операција, а по излегувањето од салата да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат дека од сега мора да се грижите за него и покрај тоа што чувствувате неверојатна болка. Е тоа ве чека после царскиот рез!

213

Докторка-гинеколог од Хрватска, Лилјана Хорватичек, на својот блог „Докторка за 5“ вели дека се залага за породување со што помалку медицински интервенции, за комуникација, доверба и сигурност.

„Само трудница која знае што да очекува, која има доверба и поддршка полесно ќе помине низ породувањето“, вели таа.






Докторката вели дека сѐ почесто на клиниката кадешто работи се среќава со трудници кои сакаат да се породат со царски рез, иако во моментот нема потреба од тоа.

„Би сакала да земам една ваква трудница со мене во операциона сала, за да може на лице место да како изгледа тоа што го сака. Иако е најважната процедура што ја прават гинеколозите, оваа операција во никој случај не е рутинска, секогаш се можни изненадувања и секогаш се бара сериозен пристап.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини