БУРЕКОТ ЌЕ ГО ОБЕДИНИ СВЕТОТ! Мистичниот бурек на Спасиа Динковски, магнет за луѓето од сите нации што живеат во Лондон
Спасиа Динковски ја запознавме откако со својот „Мистик Бурек“ стана вистинска ѕвезда на гастрономската сцена во Лондон. Во меѓувреме, на настаните на кои се служи нејзината храна се редат редици од луѓе кои зборуваат на десетици јазици и дијалекти, сите на иста фреквенција кога станува збор за мистичниот бурек. Наскоро Спасиа ја очекува и отварањето на нејзин локал во Саут Ист Лондон, каде што ќе служи македонска храна, а први комшии ѝ се Турци, Албанци, Иранци и Кинези. Сите заедно обожаватели на бурек ала Спасиа
Балканот го нарекуваа јаболко на раздорот, ама ако се земе предвид она што се случува на настаните што ги организира Спасиа Динковски, девојката со македонски корени која е родена во британскиот град Кроли, а живее во Лондон и на кои во редици се чека за нејзиниот бурек, лесно може јаболкото на раздорот да се преобрази во бурек на обединувањето.
Сите тие гладни усти што чекаат во долгите редици за да добијат парче од нејзиниот „Мистик бурек“, во сите свои богати, вкусни, а често за наши поими и егзотични вкусови и комбинации, се усти кои зборуваат на десетици различни јазици, ама очигледно, нивниот апетит и перцепторите за вкус кога станува збор за деликатесите на Спасиа, работат на иста фреквенција.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.