БУМ НА ПРАБАБИ И ПРАДЕДОВЦИ До 2030 година повеќето 8-годишници ќе имаат барем еден жив прародител?

Прадедо кој го вози бебето на својата внука во количка за да може таа да се одмори, е глетка која воодушеви многумина кои го изгледале ова видео на ТикТок.

126

Видео од прадедо како го чува своето правнуче и ѝ овозможува на својата внука да добие малку заслужен одмор, ги стопи срцата на многу корисници на ТикТок. Во видеото кое е прегледано речиси три милиони пати, извесна @Emilyinwanderland го снимила својот дедо како шета низ градината туркајќи бебе во количка.

„Кога вашиот 95-годишен дедо шета низ градината за вашето бебе да заспие, а вие да уживате во оброкот без да ви го одвлекува вниманието“, напишала таа и додала дека дедото уживал во прошетката.
Сцената воодушеви многумина.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини